Вистината за МА (полетарец)

Day 2,768, 07:11 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Омаловажувани и изманипулирани македонци,

Оваа статија ќе биде само краток брифинг во врска со некои малверзации кои нашиот ни ЦП или Диктатор или Манипулатор, или Лажго и преварант(кој како го доживува) Фантом и неговиот ортак ропак21 ги имаат направено без знаење на јавноста.

Увертира
Пред околу година дена а можеби и подолго Плато за првпат организираше турнир на ниво на воени единици. Наградите беа 300 голд и ОРГ кој лично ќе го менаџира командирот на воената единица. Тогаш на иницијатива на многу влијателни играчи беше предложено да се направи државна воена единица која би ги собрала сите македонски играчи на едно место се со цел да се освои првото место и се разбира да се промовира Македонија како влијателен играч, впрочем тогаш беше и почтокот на падот на Македонската империја на еРеп.
Имаше доста играчи од кои ќе го именувам само македонец21 кои не прифатија да влезат во МА и ја тролаа идејава.
На чудо на сите скептици, овој проект успеа, сите големи и познати играчи а се разбира и доста двокликаши и послаби профили од помалите дивизии решија да се придружат на МА. И би Чудо!
Освоивме прво место! Договор беше секој мандат новоизбраниот ЦП воедно да биде и командир на МА.Заредија неколку промашени ЦПа на кои им беше интерес само медалот да го закачат и да не се замарат со играва. Дојде време и Фантом да биде избран за ЦП. Тој тогаш му ја предаде МА на македонец21 (кој кога требаше ниту беше член ниту испука 1 милион штета, ниту беше избран за ЦП туку ете така му бил пријател на фантом)и до ден денешен тој е командир на МА и се разбира прави што сака со единицата.

Оргови,
По новите правила на Плато право на организации има само државата со исклучок на оргот од МА кој е доделен како награда (меѓутоа по претходен договор и таа МУ се смета за државна).Преку орговите со активно учество на монетарен маркет може да се заработи многу добра пара, меѓутоа досега никој не зел активно учество, мислам дека само акцонел или крсте83 дадоа предлог да се работат. За ваше инфо, Хрватска пред извесен период кога беа во течка финансиска состојба решија своите државни оргови да ги рентаат на истакнати приватни воени единици се со цел да внесат некоја пара која би се нашла понатаму за КО , воздушен напад или едноставно за МПП. Дечките отворено работеа и верувам дека до ден денес државата си има придонес од орговите.

Што се случува со Македонските оргови???

НЕЗНАЕ НИКОЈ освен црепот или пар луѓе блиски на него.
Имено од неодамна беше откриен оргот на МА која е ДРЖАВНА воена единица.

Актуелниот командир македонец21 веќе извесно време го рента на некои приватни лица



Тоа што би требало да се слее во државната каса, завршува кај него в џеб, или дели со фантом не знам.

Но едно знам

СКАЈМЕКС,ЕЛ ЧЕ,МАНЕ,БОЈАН,СТОЛЕ,ЛАЗАРОСА,АЕКСИЛ И МНОГУ ДРУГИ ИГРАЧИ ФРЛАА ЕВРА ЗА ДА БИДЕ ОСВОЕНО НЕШТО КОЕ ЌЕ ОДИ ВО ПРИЛОГ НА ЦЕЛА ИГРАЧКА ЗАЕДНИЦА А НЕ ВО ПРИЛОГ НА ДВА-ТРОЈЦА НЕВРАБОТЕНИ НО ЛАЈФЕРИ КОИ ЕДИНСТВЕН ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ ИМ Е ДА ЈА ОГРАБАТ МАКЕДОНИЈА!

Еве денес манипулира и лаже и му проаѓа лагата кај вас дека МОРАЛО да се постави диктатор и да се фрлат БРДО пари за он да се намести Диктатор да биде.

На вас народе опљачкан и прелажан преостанува дали повторно ќе дозволите истите тие да ви бидат лидери и да ви ја кројат ииграта која нималку не ви носи ниту забава ниту сатисфакција ниту општо добро. Да не беа бугарите и нивниот КО ние денес уште ќе бевме поробени од САД. Кога и они ќе ги увидат нивните валкани игри тогаш нема да ни остане никој сојузник туку само историјата на најзаостаната и проклета заедница.

Поздрав и памет во глава за во иднина.

о7