Заедничка љубовница

Day 2,708, 08:34 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Седат маж и жена во елитен ресторан и вечераат!
По некое време, во ресторанот влегува една ептен јака женска, се упатува кон нивната маса и седнува во скутот на нејзиниот сопруг:
- Па каде си душо ти? Те немам видено веќе неколку дена, те посакувам, јави ми се обавезно ... станува и си оди.
Жената со подоотворена уста и помодрена од лутина му се дере на сопругот:
- Што е ова ѓубре едно? Која ти беше оваа?
Мажот ладнокрвно одговорил:
- Па, љубовницата.
Жената е во шок:
- Копиле едно, зар пред моите очи, уште утре барам развод!
На тоа мажот и одговорил:
- Во ред утре ќе добиеш развод, но да се разбереме, кога ќе го добиеш разводот
нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Карибите,
нема зимување на Алпите ..... без скапи автомобили, скапи јахти, шопинг,
скапи фустани, накит, шминка, вечера во скапи ресторани, итн ...
Жената иако лута, замолчува. По неколку минути во ресторанот влегува нивниот познаник Никола, но не со неговата жена, туку со друга екстра риба.
- Која е му е оваа на Никола, прашала жената?
- Тоа е неговата љубовница, одговорил мажот. Жената малку порасположено му дофрла на мажот:
- Да знаеш, нашата е поубава.....


следува продолжение ....