Македонски архаични зборови

Day 2,659, 07:56 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Ава – воздух
Аз`р - готово,спремно
Ајљак – без обврски, задолженија
Ајмана – слободен
Анџак – штотуку
Ачик – отворен
Балтија – секира
Басамаци - скали
Башак – кочан пченка
Бербат – извалкан
Беља - зло, несреќа, штета
Виран – расипан
Далдисан – занесен,отсутен
Даабетер – ептен лошо, заникаде
Дибидус – ептен, исто со се
Душеме – дрвен под
Ѓол – локва, бара
Ѕерѕелија – кајсија
Илинџија - љутко, не фер
Ишарет- знак со очи, вика
К`ч – фалба
Калпазан – трапав човек
Кијамет - невреме
Колај - лесен, без тешкотии
Курдиса – се наместува, зема положба
Лангиди – мекици
Љимонтабетлија – лесно се лути, се навредува
Маанџија – ништо не му се допаѓа
М'ркуч – црево
Мрфка – парче месо
Пишманаџија - се кае за се нешто
Полувер - џемпер
Сеирџија - се сити на смешна ситуација, на туѓа мака
Сулендари – мразулци
Тенекија - лим
Точак - велосипед
Фиљан`кишии – едикојси..?
Червиш – сос додаток за јадење
Чинѓел – закачалка, кука
Чишит – необичен, несекојдневен, чуден
Џаде – пат
Џамадан- лесна наметка
Шарветка – марамче
Шпирт – кибрит