Извини...

Day 2,624, 11:28 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Зима е. Надвор педерски роси, а јас замислен пред огнот седам и си размислувам за глупостите што ги имам направено досега во животецов. Од време на време фрлам поглед накај ТВ, а со едното око накај ПЦ-то чекајќи да ми текне каде сум ја утнал работава. Во собата штама каква што немало до сега.
Го ставам мојот уморен труп у лежеча позиција, со надеж дека сум безгрешен и дека конечно ќе тргнам еден терет од мене. Во еден момент длабоко у мојата потсвест ми се мешаат мисли на ненамерни глупости што некад сум ги направил или кажал на некоја личност (несвесно или у некаков афект), неразмислувајќи со црпкава дека можат некого да навредат, наљутат, растажат...
Во еден момент осеќам дека главава ќе ми експлодира, бидејќи во дел од секунда ми доаѓаат милион дешавки, зборови, реакции, за кои сметам дека се направени во погрешно време и место. Чувствувам гушење од помислите и станувам забрзано, одејќи до пенџерот да го отворам и да земам малку воздух. Малку се смирувам и одам пак у лежеча позиција. Овој пат си викам у себе 'дај бре чоек размисли за некои убави нешта и развесели се малку, доста ми цмиздиш ко пичица некоја и напрај осмех од 6 лево до 7 десно (десно немам 6-ки јебига). Се потсеќам на професорката, џандарката, србинката, на таа од кај баба ми од село, на таа што сака садо мазо а јас само мазо, на газдарици каде сум работел и нивните комшики, тенисерката, овчарот, лепотанката, поетесата, тито со дрољата и љубовницата, на генералот и останатите, на паднатите борци, на големите тенкови, на коштсаплерско љумферски забави... Се сеќавам на денови поминати во еден виртуелен свет исполнети со многу смеа, радости, болки, така и гадости. На времиња во кои имало слога и раздор, успони и падови, ТМОРО и Ар-Амии, давање и крадење... На другари, другарки и непознати од еден друг свет, на седенки и собиранки, кафани и кафичи, паркови и улици, градови и села...
Пробувам да се развеселам но некако чувствувам дека се повеќе ме гуши у градите и ми доаѓаат солзи у очиве од сите тие поминати мигови. Не велам дека тоа биле тажни мигови за мене туку напротив многу весели и исполнети. Пак почнувам да цмиздам и едвај се воздржувам да не се разрикам на глас и да се разлигавам ко мало дете кога ќе му го земете лижавчето од рука. Каде и да се свртам сите тие работи ме опкружуваат и ме прогонуваат.
Станувам и идам да зе измочам. Рацеве ми се тресат па ме фати паника да не ја утнам дупката и го држам цврсто усмерен кон една замислена точка. Завршуем работа, силно го протресувам до последна капка и се враќам назад. Овој пат у седечка позиција пред монитор, гледајќи у мртвите пиксели како магепсан, сакајќи да споделам нешто со некого, за да ми биде бар малку подобро.
Пробувам пак да се расположам но пак ме потиснуваат мислите каде грешам?
Брзо си ги пронаоѓам маните и грешките али незнам како да им се извинам на Оние што сум ги наљутил и растажил...
Пробувам да смислам зборови што ќе им укажат на таквите дека ми е жал за стореното но никако неможам да ги кажам или напишам.
Преку оваа порака сакам да им се извинам на сите виртуелни пријатели и непријатели што биле навредени од моја страна, а за оние другине што немаат можност ова да го прочитаат (што не ја играле оваа игра, оние што одамна ја напуштиле и оние што читаат низ редови, а мои вистински РЖ пријатели) ќе ме почекаат некој ден да смислам прикладни зборови...
Крајот се ближи, а до тогаш ќе пробам на некој начин да ве насмеам, некои да ги вратам назад во детството, некого пак ненамерно да разлутам и растажам, а некои да ги развеселам и разиграм.
Уште еднаш кажувам едно големо ИЗВИНИ на тебе, таа, тој.
И птиците да се вратат на ЈУГ и јас на крајот со нив!
До следото видување
ефиљо други