Како ќе изгледа британското знаме ако Шкотска се отцепи?

Day 2,494, 11:13 Published in North Macedonia North Macedonia by XXXander

Доколку Шкотска се отцепи од Велика Британија не постои посебен закон според кој Велика Британија треба да се откаже од националното знаме, но тоа не ги спречува да се води спор треба ли сината боја и крстот на св. Андреј – симболот на Шкотска во "Јунион Џек", да продолжат да стојат таму во случај на независност.
Знамето е создадено по обединувањето на Англија и Шкотска пред четири века.

Лорд Вест, кој е заменик-претседател на парламентарната комисија за знамињата и хералдиката, вели дека нема логика сината боја да остане на знамето доколку дојде до поделба.

Од “Даунинг стрит” №10 велат дека премиерот не подготвувал никакви промени, да не зборуваме за корекции на симболите на нацијата.

Проблемот е што има законска аномалија – не е утврден јасен механизам за контрола над изгледот на “Јунион Џек”, за промената и дури нема закон за официјалното прифаќање – само тој се наметнал во практиката, велат од “Гардијан”.

Сепак не е исклучено да се појави второ знаме, кое официјално ќе ја претставува во странство новата реалност. Во овој случај не е исклучено да се појави и нова боја во него – зелениот Велс.

При последната промена на “Јунион Џек” во 1801 година на неформална вечера е одлучено кон белиот крст на св. Ѓорѓи на бела позадина, симболизирајќи ја Англија и наполу на св. Андреј на сина позадина, симболизирајќи Шкотска, да се наметнат црвени контури на крстот на св. Патрик, светецот-заштитник на Ирска.