И по 100 години ништо ново !

Day 1,619, 04:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Helex
Грците ги предадоа Македонците (РЛ)



Според "Њујорк тајмс" откако грчките власти дознале дека во Македонија се подготвува востание, тие ги накодошиле Македонците кај султанот

Според новинарскиот извештај објавен во времето на Илинденското востание од 1901 до 1903 година, Македонците биле накодошени од страна на Грција пред турските власти. Според информациите на весникот откако грчките власти дознале дека во Македонија се подготвува востание, тие ги накодошиле Македонците кај султанот, иако самиот грчки народ цели осумдесет години се борел против Османлинската Империја. И покрај тоа ништо не ја спречило Грција да и наштети на Македонија и да ја спречи да се избори за својата слобода, се со цел во иднина да го шири своето влијание во Македонија и по можност да ја освои. Овие материјали дошле до рацете на режисерот Милчо Манчевски додека истражувал по светската архива за потребите на филмот Прашинаа, пренесува Македонска нација.

- Угледниот весник во насловот зборува за Македонци уште пред повеќе од 100 години и за тоа како Грците ги накодошиле кај турските власти една година пред Илинденското востание. Иако станува збор за сериозен весник, Њујорк тајмс" не се воздржува да нагласи некои работи, вели Манчевски.

Како што стои во текстот на Њујорк тајмс", револуционерната организација се споредува со ирските националисти, а се верува дека таа се уште работи под водства на Сарафов", наведувајќи дека состојбата во Македонија нема да се подобри оти се потребни реформи, но тие нема да се случат поради разединетоста на европските сили".
- Ирис Кронауер и Ерик Тангерстад работат книга за моето творештво и неодамна ме замолија да им дадам на увид документи од подготовките и од снимањето. Почнав во мојата архива да копам по купиштата материјали што ги имам насобрано додека истражував за моите филмови, а само во Прашина" имавме над 160 библиографски единици. Тогаш пак налетав на овие новински текстови од Њујорк тајмс" кои се однесуваат на борбите во Македонија. Ги бев заборавил. Ги бевме откупиле од Њујоршката библиотека пред десетина години. Имам намера да им ги подарам на нашите музеи и на архивот, изјави Манчевски.

Како за потсетување, откако Грција стави вето за покана за Македонија во НАТО само затоа што не и се допаѓа името на земјава, Њујорк тајмс" тоа го осуди со уводник под наслов Срамота за Грција, се задева со Македонија".

Извор: www.vecer.com.mk


-Helex-