На Годишен Одмор

Day 2,463, 09:04 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Се подготвувавме со жена ми да одиме на море... го покривме кафезот на папагалот, ја исфрливме мачката на улица... таксито во меѓувреме пристигна, но тогаш сфатив дека штом мачката ја нема надвор, значи при излегување успеала да се шмугне повторно внатре.
Неможевме да ја оставиме внатре, бидејќи упорно настојуваше да го изеде папагалот. Се вратив дома, а жена ми остана да чека во таксито. Не сакала таксистот да дознае дека домот ни останува празен и му кажала дека сум се вратил за да се збогувам со нејзината мајка. Се вратив после 10 минути збеснат:
- Извинете што се задржав, реков.
- Се беше скрила под креветот. Требаше да ја шибнам неколку пати со чадорот
во газот, за да излезе! Потоа се обиде да ми избега, но успеав да ја фатам за вратот таман кога стаса до вратата. Ја замотав во ќебето, затоа што ку*вата се обиде да ме изгребе! Конечно ја свлечкав надолу по скалите и ја исфрлив во дворот позади куќата. Да се надеваме дека нема пак да се посере пред вратата...

Тишината во таксито можеше да се опипа.