[МНР]Последно обраќање

Day 2,220, 06:46 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав народе.

За жал оваа ке биде последната статија од МНР за овој месец зошто официјално ке се повлечам од оваа фунција.

За ова ке можете да прочитате малце подолу.



Пред тоа сакам да ви дадам отчет за тоа што досега се сработи.

Како што беше објаснето во претходните статии главната цел беше исполнета. Тоа беше приближување на односие со нашите пријатели и сојузници.

Се создадоа напори и лека полека успевавме во намерата да ги приближиме односите со Хрватите. Понатака ке треба некој друг да го продолжи ова.

Како што можете да забележите лека полека работите во TWO се смируваат но ке видиме до кога. За тоа подетално може да прочитате овде.

Како реакција на таа статија се статиите објавени од идндивидуални играчи кои не го поддржуваат тоа. Значи во наредниот период TWO ке си биде со маска на среќен и стабилен сојуз.

Се спремаше состанок со Италија за приближување на односи и воена помош но заради причините кои ке бидат наведени подолу тој состанок се откажува.

Тоа е на кратко се што се случуваше претходниве 3 дена.



Сега да преминеме на причините кои ме донесоа во ситуација да се повлечам.

Причините за ова се тоталната неактивност и неангажираност на нашиот претседател за кого не му е грижа за ништо. Постојано не кочи во нашата работа зошто странските влади си бараат и претседател да присуствува на состаноци и неговиот збор е последен.

Тотална неодговорност, отсуство од сите досегашни состаноци кои МОФА тимот ги закажуваше а тој немаше време од социјалниот живот. Тоа е едно од двете прашања кои ке останат неодговорени од негова страна:

Зошто се кандидира за ЦП кога нема време од социјален живот?

Зошто не му дава наредби на МОД за да пишува статија да се информира народот каде да мава?




МОД-от воопшто не е крив што нема статии одговорноста е кај ЦП-то кој не се обидува да мрдне ни со прст.

Сега ја разбрав која беше неговата цел а тоа е да си го лапне медалчето и сигурно се нервира што нема пари во банката за да можеше да си ги прибере.

Затоа и се повлекувам зошто не сум луд да работам сам да трчам на сите канали да се обидувам да ја спасам ситуацијата, а некој да си ужива и да не се замара.

Еве можете и на дело да видите колку е заинтересиран.








Ова е само дел од оправдувањата негови имаше еден куп претходно ако ги ставам сите статијава ке биде предолга овие се последните од прее.

Можеби сите го троламе и го зафркаваме kavadarci4ever ама тој е 100 пати поактивен од StrvleMKD што е срамно.



Се додека има вакви луѓе кои се кандидираат за ЦП и подоцна не им е гајле за ништо Македонија ке продолжи да тоне.

Сите планови ке бидат предадени на останатите МОФА членови и МОФА документот кој го изработував за полесно работење на МОФА членовите. (ако воопшто има некој заинтересиран да работи сам)

Останете ми поздравени до следно читање.

Министер за надворешни работи

akconel