ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Day 2,012, 13:46 Published in North Macedonia Nigeria by Avramoski Slave

После долго време повторно пишувам статија. Играта како игра едно време стана монотона и бев скоро 2 клик. Најмногу се задржав за единицата и пријателите со кои се запознав во РЛ и кој сме доста добри пријатели.

Со додавањето на натпреварот во играва за МУ повторно малку се активирав поради промената што се случи и некако се раздвижи колку толку играта. Гледам и некој постари добри играчи се активираат пак со овој натпревар.

Помина и натпреварот и освоивме прво место. Многумина предвидуваа дека после натпреварот секој по старо ќе си продолжи и толку од организираноста. Затоа пред да заврши натпреварот решив да видам колку членови има пред да заврши натпреварот и колку ќе останат после натпреварот. Пријатното изненадување е тоа што тогаш имаше 1500 и нешто членови (не направив СС), а вечерва има 1623, не само што не се намалил бројот туку имаме и стотина повеќе. Тоа ми дава добар и позитивен знак дека не се сите во МУто само за наградата.

Само така напред и се надевам дека оваа позитивна атмосфера ќе продолжи, а тоа најмногу зависи од нас самите и од власта како ќе продолжи да ги води работите. Се надевам дека сегашнава власт ќе продолжи да работи на тоа, а и наредните ќе продолжат со исто темпо.

За крај за борците од бојното поле малку да оплакнат очи