[МНР МАКЕДОНИЈА] Време е за промени

Day 1,998, 17:48 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еМакедонија,

последните неколку месеци се случуваат премногу пресврти во играва со кои се надеваме дека ќе стане поинтересна.
Конфликтот помеѓу TwO и CoT е се поголем и поголем секој изминат ден, само прашање на време е кога ќе започне и директната војна помеѓу членките на двата сојуза.

Македонија во сојузот TwO, пред настанувањето на конфликтот имаше доста пријатели и битни сојузници како што се Србија, Унгарија, Обединетото Кралство, Латвија... За жал со овој конфликт некои од тие пријателства полека згаснуваат.



Македонија - Обединетото Кралство, Латвија

Разговаравме со владите на двете земји и отворено кажаа дека повеќе нема да потпишуваат МПП закон со нас и дека секаква соработка е официјално прекината. Како причина на тоа го посочуваат примањето на САД во CoT, што нормално сите знаеме дека е само изговор и дека зад сето тоа се спрема нешто поголемо.

Како и да е им посакуваме на двете земји среќа и успех со новите сојузници и ги замолуваме сите македонски играчи да ја испочитуваат одлуката на овие земји без никакви провокации и без упатувања на навреди.



[EDIT]Македонија - Унгарија

И покрај препукувањата помеѓу двата сојуза, ние продолживме да бидеме сојузници со Унгарија. Единствениот пропуст беше во времето на претседателствувањето на GregoryG којшто сите го знаеме како противник на нашата меѓусебна соработка. Неговиот мандат помина и до сега со сите унгарски влади соработувавме како и порано.

Нашето пријателство со Унгарија постоеше уште од додавањето на Македонија во еСветов и дадовме се од себе ова пријателство да не згасне!

Меѓутоа овој закон е нешто преку што Македонија нема да помине !!!
НАЖАЛОСТ МОРАМ ДА НАГЛАСАМ ДЕКА НАШЕТО ПРИЈАТЕЛСТВО ОЧИГЛЕДНО ЗАВРШИ СО ОВОЈ ПОТЕГ !

Македонија доби нож во грбот од земја која ја сметаше за еден од најдобрите сојузници...



Со големо негодување морам да Ви соопштам дека уште еден наш сојузник и официјално не напушти. Литванците имаа референдум за заминување од CoT и мнозинството беа за Литванија да замине од CoT, што последователно таа и го стори тоа. Веднаш по заминувањето од СоТ, тие со 85% гласови ЗА, станаа дел од ACT ( Aliies Close to TwO) т.е. про-TwO членка. Тоа можете да го прочитате тука .

Од наша страна им беше понудена секаква помош за решавање на проблемите кои тие ги имаа со Русија како иден член на СоТ. Не прифатија никакво решение освен она што се случи. Дали сетоа ова има друга позадина со сигурност не знаеме...

Им посакуваме среќа и се најдобро во новиот сојуз.



Една убава вест 🙂
Тука можете да прочитате за најновиот привремен член на СоТ - Русија ! Исто така во тој артикл опширно е образложен и проблемот на Литванија и причините за донесените одлуки.



Македонија - Финска

Финска е поранешна членка на ЕДЕН сојузот и сегашна членка на Asgard. Претходно никогаш сме немале официјални контакти со нив, но сега е време да го промениме тоа. Затоа започнуваме ново пријателство со нив и потпишување на МПП закон. Се надеваме дека ќе имаме добри односи и дека соработката помеѓу нашите земји ќе биде на солидно ниво.

Да напоменеме дека МППата што ги има Финска со неколкуте бивши ЕДЕН членки нема да бидат продолжени !

За сега соработуваме само со Финска, но отворена е можноста за соработка и со останатите земји членки на Asgard. Доколку се случи тоа, ќе бидете навреме известени.



Сега за сега сме во преговори со уште неколку земји за отпочнување нови пријателства.

Со почит

МНР тим
Алисс и Адмирал Тренч