Мислите на еден ненаспан играч [ПАРТ ОНЕ]

Day 1,979, 01:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Davorsk8

Здраво,јас сум Филип Јовановски,нов директор на Coca Cola...или како беше??

Нема везе,идеме даље.Во овие мои непроспани ноќи проблематични,јас наоѓам тн. "инспирација" за пишување на статија.

Сабајлечки,ненаспан,со кафенце и цигарке,јас го отворив мојот весник после неколку месеци.

Претходно размислував за сите промени во играва од кога се регистрирав.ОД модули до играчи итн.
Кога бев бебуш,но со лавовско срце(сите бевме мислам 😃)кој го трошеше својот последен голд на "тенкање" против нашите тогашни непријатели,бугарите.
Тогаш воениот модул беше таков така што,кој и да го држи ѕидот во нивна корист на точно 2 часа,ја добива битката.И да го држиш ѕидот во твоја корист 1 час и 59 минути,џабе.Тогаш не бевме волку софистицирани како што сме сега со ботови,статистики и курци палци.Тогаш ни рефунд немавме некој многу многу.
Тогаш по просек се собиравме над 500 војници на легендарниот #emkd-army,а и некад до 800-900.Е тоа беше хаос. 😃
Све бебиња,дудуци неЕписмени.
Наредба Т 3 рокај и на 3 минути пред крајот на 2 часовната битка се истураш на бугарите.

На крај,сепак не победија со тоа што не држеа под окупација некое време.
Ама ние им вративме по џебот со една акција што се организираше.
Акцијата се викаше "Камикази".

Поради тоа што во тоа време,економскиот модул нели беше жив и дишеше,за разлика од сега.Ако му работиш на твојот работодавач со 100 енергија,тогаш ти правиш повеќе леб/оружја.
А ако му работиш со 20,праиш мноооогу помалку.
Епа токму тоа го правевме,им ја уништивме економијата така што работевме во бугарски фирми со 20 енергија и со тоа бугарите влагаа во минус и беа финансиски осакатени.После работење стандард,фалење на чат колку те пцуел бугарот. 😃

Тoа беа времиња.


Толку од мене за парт оне,ако сакате дајте вот,суб и по можност шаут за мотивација за парт ту. xD

o7