[Обединета еМакедонија] Обединети сме посилни + Поделба

Day 1,967, 15:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Hristijan T.

Почитувани еМакедонци,

Создавањето на Обединета еМакедонија е во времето кога на картата на еРепублик е додадена еМакедонија како држава. Поради насобраните искуства од други земји, уште од самиот почеток се создадоа кадри кои со огромна посветеност успешно раководеа и се залагаа за еМакедонија, за нејзиното издигнување и просперитет во Новиот Свет. Обединета еМакедонија е партија со славно минато. Овде има многу што да се каже, но тоа ќе биде во некоја наредна прилика.



Во последните 7 месеци, откако се воведе новиот политички модул (за конгресменските избори), ОеМ има константно мнозинство во конгресот и со тоа се докажува довербата која ја ужива најстарата и најголемата партија кај еМакедонците. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи, а нашето мнозинство ќе биде се поголемо.
Добро е да се знае дека без разлика од која партија е претседателот и кога сме во опозиција ОеМ е конструктивна партија која ги става интересите на еМакедонија пред се’. Не се занимаваме со очајнички напади, обвинувања, сопкања кон тие што работат, со цел собирање на некој политички поен и ширење раздор, како што повеќето други партии (или нивни поединци) го правеа тоа, а некои и сеуште го прават.

ОеМ како партија си има свое раководство кое одлучува за изборот на кандидати за претседатели и конгресмени.
Тоа раководсво исто така веќе седум месеци по ред прави редовни поделби еднаш неделно за сите членови. Моментално тие изнесуваат 10 q7 оружја. Со ова покажуваме дека мислиме и го цениме секој наш член, без разлика на која единица или група припаѓа. Партијата не би била тоа што е без луѓето кои ја сочинуваат.
За да функционира ова, ние како партија имаме сопствен буџет, кој во овој момент, по некои поголеми донации, изнесува околку 170 000 МКД кои се наменети исклучиво за поделбите на членовите на партијата. Средствата кои што се во буџетот се главно донација од раководството и еден помал дел од конгресмените на ОеМ. Со тоа секој месец правиме ребаланс на истиот и одредуваме колкави ќе бидат количините на поделбите. Од воведувањето на ваквите поделби, веќе седум месеци, ние полека но константно ја зголемуваме нивната количина. Па така за овој месец ќе ја покачиме на 15 q7 тенка.
За примените и потрошените средства се води детална евиденција (и на која дата, кои членови добиле, црна листа итн.) во google spreadsheet до кој право на пристап имаат сите заинтересирани конгресмени на ОеМ и поголеми донатори.

Приклучете се на најдобрите и бидете дел од ОеМ. Обединети сме посилни !

Линк до партијата: http://www.erepublik.com/en/party/obedineta-emakedonija-3561

Како благодарност до членовите ќе направиме една мала поделба од 7 Q7 тенкови за сите кои што ќе ја гласаат оваа статија и во коментар ќе напишат "Да живее ОеМ"