[МНР] еМакедонија и сојузниците

Day 1,963, 07:00 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еМакедонија,

како што можете да видите периодов беше полн со случувања на сите полиња во играва.

Ќе започнам со Унгарија. Уште на почетокот на мандатов, унгарската влада беше контактирана за продолжување на нашето МПП. Добивме одговор дека после завршувањето на тренинг војната со Австрија и преземањето региони од Русија, Унгарија ќе ги обнови МППата со еМакеоднија и останатите КоТ земји.

После тоа заврши нивната тренинг војна со Австрија, заврши и земањето региони од Русија, пуштија МПП на Бугарија и наместо да го продолжиме МППто од унгарскиот претседател го добивме овој закон.Законот не помина, меѓутоа ни покажа како моменталниот унгарски претседател сака да го уништи долгогодишното пријателство кое што постои меѓу нас.

Тука можете да го прочитате неговото објаснување за законот, цитирам: Ова МПП е симболично и историско (Az MPP szimbolikus, de történelmi). Како што вели тој, симболично бидејќи ја прикажувало нивната независнст, а исторско бидејќи можело да значи крај на ЕДЕН. Меѓутоа со задоволство можам да кажам дека денеска тој завршува со неговиот мандат и мислам дека набргу проблемов ќе биде решен.





Индонезија !!!
Со нив сме постојано во контакт, работиме на оживување и реактивирање на LiGAP и можам да кажам дека месецов имаме напредок на тоа поле.

Релацијата Индонезија - КоТ како што гледаме не функционираше баш најдобро месецов. Целата збрка почна откако Индонезија ги предложи Јужна Африка за ПН без претходна консултација со КоТ. Проблемот е во тоа што Бразил исто така се залета по тие региони, а тие имале и некаков договор со Јужна Африка.

По една голема збрка, враќање на територии, пуштање на втор и трет закон за ПН, на момент членството на Индонезија во алијансата бече доведено во прашање. Меѓутоа такво нешто нема да се случи. Кај нив владее мислење дека алијансата ги ставила интересите на проКоТ земја (Бразил) пред интересите на земја која што е полноправен член на истата.

Ние како верни сојузници нема да ги оставиме Индонезија на цедило ниту ќе дозволиме да се случи нешто што ќе наштети на двете држави, нашиот пакт и алијансата.





Најново е тоа што вчера потпишавме НАП со еИран. Знам дека многумина од Вас ќе искоментираат дека повторно нема да го испочитуваат ветеното и имаме право да мислиме така, затоа им е ставено до знаење дека ова е последна шанса што ја добиваат од нас.

Во НАПот стои дека:

- еМакедонија ќе ги врати Razavi Khorasan, South Khorasan и Sistan and Baluchistan на еИран;

- еМакедонија ќе ги задржи Southwestern Iran, Semnan, Fars, Hormozgan и Kerman Province;

- еИран се обврзува да не дозволи пристап до еМакедонија на ниту една земја преку нивните територии;

- еИран нема да подржува востанија во Southwestern Iran, Semnan, Fars, Hormozgan и Kerman Province ниту да ги брани истите;

- Двете земји нема да се напаѓаат една со друга во директна или индиректна војна.

Овој НАП ќе биде валиден во наредните 60 дена.

Потпишан од двете страни, документот можете да го видите тука.

Поради историјата на нашите земји, немавме намера да ги држиме Иранците под окупација. Со овој НАП покажуваме последен гест на разбирање, меѓутоа доколку го прекршат и овој пат, нашиот став ќе се промени.





Ве молам сите доследно да ги пратите инструкциите на МОД-от, за да се постигнат плановите и да помагаме на сојузниците со кои имаме МПП, особено на Бугарија и Србија, кои како што гледате последниве месеци се секогаш присутни во нашите битки.

Уште еднаш апелирам доследно да работите за доброто на сите следејќи ги МОД инструкциите.