[МНР Македонија]Конкурс за амбасадори

Day 1,879, 04:33 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добар ден е-Македонски народе!

Овој мандат повторо се распишува конкурс за амбасадори кои ќе ја претставуваат еМакедонија во земјите во кои што ќе бидат назначени и ќе носат информации за случувањата во тамошната земја.

Доколку сакате да аплицирате и да бидете избрани за оваа функција потребно е:

-Да сте комуникативни и пред се посветени кон функцијата

-Да се залагате за приблужување на двата народи со објавување на статии

-Земање на државјанство во државата во која ќе аплицирате по ваша желба

-Министерството за Надворешни Работи да биде навремено информирано за случувања во таа земјата, да го знаат ставот на земјата и на народот

-Редовно присуство на состаноците кои ќе ги има еднаш до три пати неделно, во зависнот од ситуацијата, и на тие состаноци ќе бидат дадени насоки за понатамошно работење и извештај за сработеното

-Назначениот амбасадор за своите постапки и одлуки одговара пред одговорниот на овој одел


Без разлика дали претходно сте биле на оваа фукнција или прв пат се среќавате за било кое прашање и помош слободно може да се обратите на одговорните и ке ви биде пружена помош.

Подолу ке бидат наведени земјите во кои имаме потреба од амбасадори.

еЧешка - Х
еАвстрија - Х
еЈапонија - Х
еМолдавија - Х
еТајланд - Х
еЛатвија - Х
еЛитванија - Х

Пријавите испратете ги во порака на akconel и во нив остајте линк од профил државата во која би сакале да бидете назначени за амбасадор и зошто сте се одлучиле за таа држава.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од два дена од денот на објавувањето на статијава.

Мандатот на амбасадорите ке трае еден месец со можност за продолжување доколку кандидатот се истакне.



Со почит
akconel