[ГЛАСОТ НА ТИГРИ]Регрутација за сите што сакаат тенкови, ракија и Македонија

Day 1,853, 07:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Taso Legenda


Добар ден Македонијо !

Воената единица ТИГРИ започна со регрутација на нови членови.

[Претходната статија]

Тоа што се обидуваме да го направиме веќе некое времe полека се остварува. Кога дојдов јас во ТИГРИ, единицата со прости зборови беше руинирана, имаше 4-5 членови активни на чат. Тогаш ни истекна да отвориме нова регрутација, се договоривме како ќе работиме и што ќе правиме. Целта ни беше скромна, да постигнеме 15 активни членови на удар. Регрутацијата започна, дојдоа неколку луѓе полека живна каналот. И после оваа регрутација беа поставени темелите на ТИГРИ. Луѓето што дојдоа, сите беа свесни дека виртуелните пари и виртуелното богатство не се воопшто битни, кој што имаше даваше на другиот, функциониравме како едно, затоа и стигнавме до тука. Собиранки, смешки, шали, сериозни муабети за нашава еРепублика, станавме еСемејство. Нашите амбиции не застанаа тука. Сакавме да најдеме уште наши истомиселници, на кои им се јебе за виртуелно богатсво, и се тука за дружење. Отворивме уште регрутации, дојдоа уште членови, мислевме дека важи старата, неможеш да имаш и квантитет и квалитет, испадна дека може. Единствена работа што се смени, се сметките во кафаните кои рапидно се покачија....

[Новости од тогаш до сега]

Од минатата регрутација до сега се проширивме од 120 регистрирани ТИГРИ на 166(во моментов) регистрирани ТИГРИ и сигурно уште толку не регистрирани кои не сакаат да признаат (Пример: goodbeer и цела Панзерска Чета). Бројот на конгресмени од нашата единица секој месец расте, како одзив на угледот кој го има единицата. На чело на нашата сакана татковина конечно застана ТИГАР кој успешно ја води државата, што уште еднаш покажува на фактот дека

ТИГРИ НЕ ЗАСТАНУВААТ ТУКА - ТИГРИ МАРШИРААТ НАПРЕД

За бенефициите кои ќе ги имате со тоа што ќе бидете дел од ТИГРИ

1. Тенкови од државата на принципот колку си потрошил толку ќе добиеш(испукани за време на удар)
2. Тенкови од единицата на принципот - колку имаме толку даваме - ама никад помалце од 10 (ги делиме пред удар)
3. Работа во некоја од фирмите на единицата Q7 тенкари - секој вработен плаќа суровини потребни за производство на тенковите и добива Број на произведени тенкови минус 2. Двата тенка кои се кратат се користат за поделбите на оружје во ударните термини. Исто како да работите како менаџер во своја фабрика за оружје
4. Работа во гумарите на единицата за минималец (1,5 МКД) - Рефунд 2 Q7 тенкови дневно.
5. Не е задолжително да работите во некоја од фирмите на единицата
6. ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е појавување на каналот за бош муабет, и во кафана на чашка ракија.

Сите заинтересирани можат да дојдат на чат, и да побараат дополнителни информации од присутните таму.

Линков не го кликате директно туку copy paste во нов таб, незнаеме зошто ама зеза некад:
http://client00.chat.mibbit.com/?channel=%23emkd-tigri&server=irc.rizon.net


Или пишите ингаме порака на:
Командир:
Трте Т
Заменици командири:
tanusevci
Taso Bombata
Капетани:
Davorsk8
ONCE A TIGER ALWAYS A TIGAR
Multashot
goce.bs
b0ko
Laze Milacev

НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА - СЕ БОРИМЕ ЗА еМАКЕДОНИЈА


Засекогаш Ваш и Македонски,
Ќато на ТИГРИ,
Тасо



Не заборавајте да удрите ВОТЕ + СУБ + ШАУТ, сите да чујат 🙂

[ГЛАСОТ НА ТИГРИ]Регрутација за сите што сакаат тенкови, ракија и Македонија(продолжение)
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2176463/1/20