[МНР МАКЕДОНИЈА] Известување до сите Македонци

Day 1,832, 05:08 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Драги браќа и сестри

Во последниве неколку дена се случија многу промени како на дипломатско ниво така и на воено.

Се соочуваме со се повеќе проблеми од нашиот јужен сосед и нивното непрекинато трошење на зимница и пари, но кога и да е се тоа ќе им се потроши и повторно ќе ги газиме но до тогаш ги замолуваме сите граѓани на трпение, следење на наредби и разумно користење на целата штета.

Во моментот се одржуваат конгресменските избори и им посакуваме среќа на сите кандидати и се надеваме дека ќе работите за доброто на Македонија.

Ги повукуваме и сите гласачи да внимаваат за кого да гласаат и да не подлегнуваат на корупција бидејќи тоа највеќе штети на државата да не дозволиме да се случуваат истите грешки од минатото!

Во однос на надворешната политика го имаме следното:

-Македонија/Словенија
Со Словенечката влада е постигнат договор со кој и двете страни се обврзуваат на воена помош доколку една од наведените земји има потреба од тоа, заедничка координација и обновување на МПП кое ќе биде пуштено од страна на Словенија во наредниве 2-3 дена.

-Македонија/Шпанија
Исто така и со оваа земја е постигнат договор за меѓу себно помагање,соработка и обновување на МПП кое ќе биде пуштено исто така во наредните 2-3 дена.

Со овие две земји Македонија имала проблеми и недоразбирања но се надеваме дека ќе ги надминеме заедно! Затоа ги замолуваме идните конгресмени да ги изгласаат овие два закони и граѓаните да не прават проблеми и да предизвикуваат уште поголема омраза,вреди пак да се проба наше е да покажеме дека сме спремни за секакви промени и надминување на секакви проблеми а и овие промени само може да бидат во корист на Македонија!

-Македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави
Во последно време се повеќе Македонци си отидоа од Америка и преминаа во други држави или се вратија во Македонија,но за тие што уште се во Америка ги замолуваме да се организираат во група и да изберат свои претставници кои ќе присуствуваат на состанок со Admiral Trench на кој подетално ќе им биде објаснето за што се работи.Штом се изберат претставници нека го исконтактираат BlackMK или Admiral Trench.



Со почит
BlackMK

За шаут:
[МНР МАКЕДОНИЈА] Известување до сите Македонци
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2163832/1/20