[МНР МАКЕДОНИЈА] Во народот е силата

Day 1,824, 12:17 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Драги Македонци/Македонки и Бугари/Бугарки

Се наоѓаме во тешки моменти на военото поле каде што владее неорганизираност и непотребно трошење на зимниците во најразлични востанија или битки.

Каде исчезна таа храброст и волја за да се гази непријателот и да газиме се пред себе ?


Зар толку ли лесно ќе дозволите ли непријателите да не газат ?

Време е да се разбудите сите и да ги превземете работите во свои раце ако не си помогнеме самите себеси нема кој друг да ни помогне,не чекајте се од поединци да направат пушката во раце и пукај по непријателот натерајте го да зажали што се осудил да допре по нашите држави!

Нивната зимница нема уште долго да трае кога тогаш ќе се истрошат и ќе ги газиме но до тогаш сите мавајте силно по нив натерајте ги и послениот денар да го потрошат затоа што најголемото оружје е моралот а моралот се добива со ладни глави и трпение.

Нивните пари неможат долго време да ја запрат силата на братството ,единството и силните врски кои ги имаат создадено нашите држави помеѓу себе затоа и секогаш ќе бидеме посилни од нив!

Затоа ве повикуваме сите заедно да удриме силно против нив да им покажеме дека нема посилно нешто од братството,единството и слогата со која е и основан сојузот CoT и така ќе продолжи да егзистира и да доминира во играва.

За самиот крај испраќаме апел до министерствата за одбрана на двете страни повеќе да вложат во помагање на народот и за одбрана на своите територии а граѓаните да не се трошат на страна туку сета своја енергија и зимница да ја трошат на вистинската битка.Редно време е место на зборови својот патриотизам да го искажете на военото поле!



Со почит
BlackMK

За шаут
[МНР МАКЕДОНИЈА] Во народот е силата
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2158976/1/20