[МНР Македонија]Конкурс за амбасадори

Day 1,781, 06:00 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво Македонијо,

Од овој мандат повторно се отвара оделот за амбасадори при МНР на Македонија после долго време бидејќи од претходните мандати никој не обврна доволно внимание и не посвети многу време на овој одел кој што е еден од најбитните особено во вакви времиња кога дипломатијата и зближувањата со други земји е највеќе потребно.

За еден играч да аплицира и да биде избран за оваа функција потребно е:

-Да е комуникативен,трпелив и пред се посветеноста кон оваа функција.

-Околу времето не се ограничува зошто некои играчи се побрзи некои поспори но најбитното е да се заврши задачата која му е зададена.

-Околу преселувањето во државата во која ќе биде назначен и земање на нејзино државјанство тоа по ваша желба.

-Редовно присуство на состаноците кои ќе ги има еднаш неделно до три пати највеќе во зависнот од ситуацијата која би можела да настане,на кои ќе бидат дадени насоки за понатамошно работење и извештај за сработеното.

-Назначениот амбасадор за своите постапки и одлуки одговара пред одговорниот на овој одел.

Без разлика дали имате претходно искуство или не се почнуваме од почеток и за кое било прашање или помош во текот на работата слободно можете да се обратите до одговорниот за овој одел и ќе ви биде пружена помош.

Затоа ве повикувам сите да дојдете,да се пријавите и да помогнете на Македонија кога е највеќе потребно во овие тешки времиња а не да се правите патриоти само на зборови дојдете и покажете се на дело преку вашата работа и посветеност кон државата!

Пријавите испратете ги во порака на Admiral Trench и во нив остајте линк од профил,државата во која би сакале да бидете назначени за амбасадор и зошто сте се одлучиле за таа држава.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во рок од два дена од денот на објавувањето на статијава и во истата статија ќе биде напишан и официјалниот канал на овој одел.

На крајот од мандатот на амбасадорите кој ќе трае еден месец доколку амбасадорот се истакне во својата функција и покаже солидни резултати истиот ќе биде и награден од страна на претседателот и одговорниот на овој одел.



Со почит
Адмирал Тренч

За шаут:
[МНР Македонија]Конкурс за амбасадори
http://tinyurl.com/9a8k9ev