КОНГРЕСМЕНСКИ ИЗБОРИ

Day 1,741, 03:32 Published in North Macedonia Serbia by Mad lynx

Дечки,
прво да се заблагодарам на оние кои гласаа за мене - о/

Е сега околу самите избори да констатирам дека имавме преголеми амбиции дека можеме 4 кандидати да истуркаме.
Системот на избори е таков што, врти-сучи без оглед на состојбата со региони, секој кој сака да влезе во конгрес мора да обезбеди најмалку 20 гласа и успат да има к`смет какви противкандидати ќе му се паднат.

Еве што вика ВИКИ.

Македонија моментално има 18 региони, така што според табелата, може да има максимум 40 конгресмени и тоа по 2 од секој регион - 36, плус 4 со вајлд карт.

Во овие избори, иако пребројувањето се уште трае, според мои проценки сите 4 вајлд карти ќе ги искористат 4-те кандидати од Повардарие, бидејќи (барем до полноќ) имаа најголем број гласови во однос на другите.

MCF во моментов има 220 члена, но активноста се сведува на околу 25 (толку коментирале во фидсот, во последните 24 саати).

Што значи ова?

Ова значи дека, MCF во моментов може самостојно да застане зад само 1 кандидат.🙁

Секако, некој од нас може да обезбеди и свои гласови (на пр. јас 10-тина), така што со добра стратегија (и к`смет), нашата единица може да се надева на 2 конгресмени.

И статистички во Македонија имаме удел околу 4-4,5% (од 40 конгресмени можеме да добиеме 2).

Во овие избори, како и претходно, имавме неверојатен одлив на „непродуктивни“ гласови.
„Непродуктивните“ гласови се јавуваат како резултат на избрзување т.е. немање стратегија - рано гласавме за кандидат кој се соочи со пресилни (читај на мултивитамини) противкандидати!

И моиве противкандидати не беа ништо поарни (второпласираниот кој е 27 левел и има само 100-тина пријатели за полсаат ископа 10 гласачи).

ИЗЛЕЗ!!!

Организација, консолидација и координација!

1. Предлагам секој 20-ти во месецот да се сретнуваме на чет или преку интерните постови на единицата да се договориме кои 2-ца ќе бидат кандидирани и целосно поддржани од MCF.

2. Секој од нив е должен да каже на колку свои гласови смета, како би направиле правилна проекција.

3. На денот пред, како и за време на изборите на главниот пост да стојат нивните имиња.

4. Координација во гласањето, без избрзување зашто поручек добиваме појасна претстава за состојбата на терен, ако е возможно и чување на пр. 5 гласа како џокер за наутро.
Пожелно е и воведување функција КООРДИНАТОР, кој би бил од редовите на Командантот, неговите заменици или поактивен играч.

5. Евидентирање на гласовите на нашите членови.

6. „Подбутнување“
Ова малце поопширно ќе го објаснам.
Најригорозно го осудувам поткупувањето, но свесни сме дека се соочуваме со такви противници кои не бирајќи средства истото го наметнуваат и како наша потреба.
Така што предлагам да не се нуди преку постови купување на глас, туку на блиски на членовите на нашата единица да им се дава одредена надокнада за нивниот глас.
Тоа би биле средства од фондот, каде би се слевале и голдовите од медалот, а висината на надокнадата би била фиксна и накнадно би ја утврдиле.
На тој начин мислам дека би мобилизирале уште 20-тина гласови, а името и нашето и на единицата не би се извалкало.
Вака доаѓаме и до можност да добиеме повеќе од 2-ца конгресмени😉

M C F

Дечки,
во единицава сум повеќе од 1 година, знам каква беше тогаш, и сите гледаме како нејзиниот развој и степен на организираност од ден на ден бележи пораст.
Денес имаме принципи, норми и почит кон истите.
Денес, мене, а верувам и на Вам, MCF некако ни влезе под кожа, лесно не се напушта и покрај оскудноста на привилегиите што ги нуди.

Ентузијазмот се исплати и носи задоволство!

На прав пат сме и продолжуваме да ја градиме!


ДА ЖИВЕЕ MCF!!!




п.с Статијата е за интерна употреба😉