[МНР Македонија] Македонско-Полските односи

Day 1,726, 07:13 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija




Македонци,Македонки

Во последно време односите помеѓу Полска и Македонија не се баш најдоби поради кавгата која произлезе пред 2 месеци.Вчера на состанокот помеѓу претседателите и дел од Министрите за надоврешни работи се заклучи дека соработката помеѓу Македонија и Полска е неопходна и дека мора да се работи на односите помеѓу овие две држави со цел да се подобрат како на политички така и на воен план.Претседателот на Полска од кој што произлезе целата кавга увиде за грешката која што ја напраи спрема целиот Македонски народ и самиот даде ветување дека лично ќе се извини на целата Македонска нација.Некои се уште би рекле не ни треба соработка со нив они не ни помагаат они вака ни направиле си гледаат само за себе итн.
Но сепак има моменти кога кај сите ќе преовладее омраза и ќе почнат да вреѓаат вие сте вакви вие сте онакви но понатака кога ќе се смири свеста и ќе се намали омразата ја сфаќаат крешката која ја направиле и ќе се каат.
Самиот Полски претседател ја сфати својата грешка и рече : Понекогаш јазикот е пооштар од мечот дека зборот знае да повреди и боли побеќе него ли физичката пресметка(или во овој случај да пукаш против нив)!

Во Полска се уште има играчи кои не мразат и не вреѓаат како што се играчи од единицата POW и некои играчи од различни единици но тие се во помал број.Не треба да се слушаат на вредите на овие играчи и да не се суди на цела нација поради некои поединци кои не мислат на последиците кои што ќе настанат .Тие не ја преставуваат целата Полска нација има многу играчи кои многу ценат почитуваат и секогаш се тука да помогнат затоа би рекол да не избрзувате со навредите кои сакате да ги упатите до одреден народ нападнете го играчот како поединец а не целата нација зошто не се сите луѓе исти!

За пример да ги земеме Бугарите и Србите и со двата народи супер стоиме си помагаме итн но сепак и кај нив има играчи како и во Полска кои што сеуште упатуваат навреди до нас и што треба сеа ние и да почнеме да ги вреѓаме и останатите поради некои глуперди ?
Не! И кај нив исто така има играчи кои постојано ни помагаат во секои поле почитувајте се себеси зошто пријателството и дружбата остануваат а со тоа и двете држави стануваат посилни!
Затоа ги повукувам сите Македонци/Македонки да покажат разбирање и да помогнат за подобрување на односите помеѓу Македонија и Полска зошто ние како Министри за надворешни работи и нашиот претседател ние можеме супер да стоиме со нашите колеги од Полска а нашите народи да се мразат тогаш ништо нема да се постигне.За односите помеѓу две држави главната углога ја има народот ние како избраници сме само мост кој што ке ги поврзе двата народи а ваше е тоа да го сторите со меѓу себно почитување,помагање и разбирање!
Апелирам до сите Македонци/Македонки да се воздржат од секакви навреди,тие што сакаат да помогнат секогаш се добродојдени а тие што не сакаат нека се воздржат да не го растураат сиот труд кој што е вложен.

Секој кој што има идеи или сака да помогне за односите помеѓу Полска и Македонија нека се обрати кај Адмирал Тренч.
За дополнителни информации ќе бидете однапред известени и ќе биде објавена нова статија.







Regards
MOFA OF MACEDONIA
Admiral Trench

За шаут:
[МНР Македонија] Македонско-Полските односи
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2100071/1/20