Македонија во четврт-финале против Доминиканска република.

Day 1,688, 13:16 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Македонија во четврт финалето ќе игра против репрезентацијата на Доминиканска република откако Македонија заврши на првата позиција на групата после изгубата на Ангола од Нов Зеланд, а во другата група Русија славеше над Доминикана.

Нов Зеланд беа убедливи во текот на целиот натпревар и на моменти имаа 18 поени позитива но не издржаа до крај и и победија само со 4 разлика што не беше доволно за понатаму. А во другата група Русија убедливо славеше над Доминикана и со две победи се наоѓа на првата позиција.

Македонија против Доминиканска Република е благ фаворит но ќе треба сериозен пристап на натпреварот за да осигураме Полуфинале а со тоа ќе бидеме чекор поблиску до толку посакуваната Олимпијада.

Со вас сме Херои !!!!!



о7
Zombinho