Профитот кај саудијците

Day 1,641, 09:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Здраво,

можеби најголемиот профит во играва се прави со само малку трпение. Повеќе играчи сакаат да купат, продадат, променат најбрзо што може и притоа губат солидни средства. Од друга страна токму поради ваквите играчи, оние кои се малку потрпеливи можат лесно да се збогатат.

Настрана трговијата, доволно е да го погледнете малку monetary market-от. Зошто воопшто би купувале злато за цена од 2000 МКД??? Ботот работи и таму, само што треба да почекате недела дена додека ви ги искупи денарите и ви даде злато по цена од 1000 МКД. Тоа е дупло ќар...

Да не се расплинувам, на сликата подолу можете да ги видите моменталните откупни цени на ботот во еСаудиска Арабија:


Линк до сликата ако не ја гледате
Earnings = Sell Price - Tax
Profit = Earnings - Buy Price


Последната колона ја прикажува цената по која треба да продавате, а колоната Earnings прикажува колку пари ќе ви останат на сметка по одбивање на даноците. Сè што е поефтино од оваа колона можете да го купите и да заработите од препродажбата.

Во првата колона се некои постандардни цени за купување, а колоната профит е крајната заработувачка по продукт. Ако земеме некој едноставен дневен пример, со по 1000 парчиња raw и по 100 парчиња Q2 и Q3 оружја, дневниот профит би бил:

1000 * 0,02 = 20 МКД од жито
1000 * 0,02 = 20 МКД од железо
100 * 0,09 = 9 МКД од Q2 оружјето
100 * 0,2 = 20 МКД од Q3 оружјето

Или сума од 69 МКД на ден.
Бројките намерно се земени да бидат навистина мали, за да може било кој почетник да започне со трговијата.

Ако имате повеќе пари на располагање и поголем магацин, не е никаков проблем да го зголемите обртот петкратно, а 5 * 69 = 345 МКД на ден. Ако некого го интересира, јас моментално само од трговијата во еСаудиска Арабија заработувам по отприлика 1000 МКД на ден.

Се надевам дека ќе ви користат информацииве 🙂


Plainswalker