Малку стратегија, бонуси, па можеби дури и по некоја нова идеја

Day 1,636, 12:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Не дека некој ќе ме чита или не дај боже слуша, ама јас сепак да си напишам.

Со еГрциве што си се тепаме нон стоп, најверојатно и ќе си продолжиме, ок, ама не мора баш од тоа да нѝ зависи и целата економија. Претпоставувам дека владава кога тогаш ќе се смилува и ќе ја објави еАлбанија за природен непријател за да си ја земеме нафтата, а и да си осигураме дека ќе имаме риба.

По таа кратка војна, ќе нѝ остане само железото да нѝ треба од грците. Ама зошто пак и тоа да нѝ зависи од нив? Нема потреба...
Имаме веќе железо во една пријателска земја, со која можеме да се договориме да го рентаме регионот. Таа пријателска земја е еЦрна Гора.

Порано регионите се изнајмуваа за злато, па претпоставувам дека тој начин на плаќање сèуште е валиден. Ама зошто пак да не бидеме малку инвентивни? Наместо да плаќаме во злато, тоа да го направиме на начин кој ќе им донесе многу повеќе...зборувам за даноци.

еЦрна Гора е мала земја, каде што ботот купува на големо, замислете колку би добиле во нивната државна каса ако почнеме да продаваме таму. Не би им го реметеле пазарот затоа што ќе продаваме по цената на купување на ботот која ги содржи увозните даноци. Што е право нивните увозни даноци за храна и оружје се на 1%, ама на суровини се 99%.

Ако ги земеме само суровините, кај нас ги купуваме за 0,11, а кај нив ги продаваме за 0,26 од кои 0,13 одат за даноци во нивната каса. Ако земеме некоја лесно достижна бројка од 5000 парчиња на ден по играч, тодаш дневно од еден наш задолжен да продава таму, тие секој ден би добивале 5000*0,13=650 парични единици. За еден месец од еден играч тоа се 30*650=19500 парични единици.

19500 парични единици се 19,5 злато ако не ви се брза. Ако ви се брза, т.е. не ви фаќа многу црпката, тогаш се само 9,75 злато. Дури и да не се најпаметни, а сигурен сум дека се доволно паметни, со само 5 македонци кои би го правеле ова месечно, еЦрногорците би добиле 50 злато. Ако ангажираме 10 македонци, тогаш се 100 злато. Ако ангажираме 100 македонци тоа се 1000 злато. Не се сеќавам некој да плаќал 1000 злато за еден регион 🙂

Нормално мора да ги стимулирате овие македонци да го прават ова, а стимулација во играва значи само едно нешто, да им ги купите лиценците за еЦрна Гора. Лошата работа во тоа е што тоа е многу злато одеднаш, но добрата е што по почетната инвестиција, еМакедонија нема да ја чини ништо.

На долг рок би имале лесно одржливи 7/10 ресурси и би можеле да се фокусираме на што и да сакаме.


Plainswalker