[МНР] Приоритети и листа на соработници

Day 1,632, 14:31 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Членовите на МНР, на состанокот закажан од страна на координаторот PhoenixMK и истиот одржан на ден 08.05.2012 година расправаа по точките поставени на дневен ред при што се одлучи дека приоритети на еМакедонската дипломатија за месеци мај/јуни се:

1. Задржување на активната комуникација со функционерите на ONE, а засилување на истата со EPIC & ABC сојузите;
2. Засилување на комуникацијата со владините членови на ОНЕ земјите со цел поголема соработка на воен план, решавање на спорни прашања и конфликти;
3. Максимална координација со земјите од потесното опкружување (еСрбија и еБугарија);
4. Обновување на соработката со Иран;
5. Потпишување на пакт за меѓусебна соработка со еИндонезија;
6. Придобивање на еИндија и комуникација на дипломатско ниво.

Исто така, се одлучи да не се поставуваат амбасадори туку потесна група на соработници, секој поединечно задолжен за одредена ареа на делување.

1.МНР во последните два месеци буквално ја раздрма заспаната алијанса и секојдневно е во контакт со HQ. Повеќе активност со ОНЕ од ова и не можеме па ќе ја следиме практиката од претходно а истото ќе се обидеме да го оствариме и со pro-ONE сојузите.

2. Редовно следење на приоритетните битки и CoD во земјите сојузнички и активно лобирање кај истите за воена помош во наши битки и поголемо присуство на македонците во битките на нашите сојузници како и навремено реагирање на МНР доколку се појават конфликти со некои наши сојузници и нивно брзо решавање.

3. МНР и МоД имаат голема соработка со српските и бугарските владини претставници. Резултатите од ваквата соработка се доста забележливи на воено поле во сите три земји.

4. Сите знаете дека еИран пред некоја недела го напушти ONE сојузот. Имавме и мал конфликт со еден ирански претставник во ONE кој објави и тролачка статија против еМакедонија. Неспорно е дека иранците доста активно учествуваа во нашите битки и би било навистина штета нашето пријателство со нив да згасне поради нивното излегување од сојузот. Затоа МНР уште на сам почеток започна да комуницира со ирански претставници за да го опипа пулсот на иранците (кои се максимално анти-ОНЕ настроени во моментот освен кон еСловенија) и да ја обнови соработката. Нема да дозволиме во очите да иранците да постои искривена слика за еМакедонија и македонците.

5. Македонскиот Претседател El Che G за приоритет во областа на дипломатијата ја постави еИндонезија. Затоа МНР веќе организираше состанок со индонезискиот Претседател и МоД. Тема на разговор беше воената соработка меѓу двете земји особено во критичните временски периоди. еМакедонија и еИндонезија се се поблиску до потпишување на меѓусебен пакт за воена соработка со кој еИндонезија активно ќе и помага на еМакедонија во вечерните часови а еМакедонија активно ќе помага во индонезиските војни кога активноста на индонезиските играчи е најслаба. Македонскиот МоД деновиве активно ќе организира воена помош во оваа земја бидејки истата е нападната од еКина.

6. МНР уште во претходниот мандат стапи во контакт со индиски владини претставници. Индискиот Претседател до нас испрати листа на владини претставници пред тоа да го сториме ние со што ни даде надеж дека можеме да оствариме дипломатска соработка со оваа земја. Сепак, индијците се под притисок од страна на еКина па комуникација на ниво на Амбасадори и воена соработка е практично невозможна во моментов. Го скршивме мразот, па останува да бидеме трпеливи.

7. Се состави листа на кандидати за соработници кои министрите ги изгласаа. Соработници на МНР се:
- Admiralot Trench - вистински космополит и на истиот од страна на МНР му е доделена проширена надлежност;
- Princess Emily - незаменлива личност во македонската дипломатија, одговорна за земјите од шпанското говорно подрачје и останато;
- AST89 - исто така доста искусен дипломат кој има подолг престој во еПолска каде што е и поставен;
- makedonec21 - особено активен и добро прифатен во еИндија и ќе биде наш промотор таму;
- akconel - еден од највредните амбасадори во мандатот на Aexil Kong, задолжен за еСловенија.
- rambo of makedonija - Предложен од Претседателот El Che G, заедно со АСТ89 ќе известува од еПолска. Веќе издаде статија во полскиот медиумски простор.
Секоја помош е добредојдена па доколку во текот на Вашето активно играње наидете на информации кои ја засегаат еМакедонија, ONE и друго слободно не контактирајте.

За потребите на МНР изработен е гугл документ каде се поставени генералии за сите членови на МНР, линкови до мофа канали ,информативно поле и поле со задачи кои адресантите треба да ги извршат.

На крај би сакале да упатиме АПЕЛ до сите Вас:
НЕ КРЕВАЈТЕ ВОСТАНИЈА И НЕ ПУКАЈТЕ ПРОТИВ НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ!Се повеќе се зголемува бројот на поплаки на нашите сојузници поради македонски играчи кои очигледно ги саботираат нивните воени стратегии со кревање на востанија и организирање на поделби за да успеат истите и да добијат лична корист. ВЕ МОЛИМЕ НЕ И ШТЕТЕТЕ НА еМАКЕДОНИЈА, НЕ НИ ОДМАГАЈТЕ! еМакедонија не може за секој поединец редовно да се извинува на нашите сојузници и да се оградува од истите. Веќе се доби искривена слика за еМакедонија како сојузник во неколку земји и слика дека нашите играчи се најголеми штетници во Новиот Свет и прашање е колку нашиот Претседател и МНР ќе успеат да ја поправат штетата.

Повторуваме, НЕ И НАШТЕТУВАЈТЕ НА МАКЕДОНИЈА! НЕ ГИ САБОТИРАЈТЕ НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ ПОРАДИ ЛИЧНА КОРИСТ.


Со Почит
МНР Македонија
Автор: PhoenixMK