[МНР Македонија] Известување!

Day 1,594, 08:18 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Во изминатите две недели во еСветот се случија големи промени од областа на дипломатијата и надворешната политика. Поради обврските што ги имавме и динамичноста на околностите решивме да почекаме со известувањата затоа што сакавме работите да се смират за да можеме да ви дадеме комплетно точно и вистинито известување. Така во првиот дел од оваа статија ќе пишуваме за бркањето на Чиле од Terra, излегувањето на Бугарија од EDEN, “Trial Member” статусот и полноправното членство кое Аргентина и Албанија соодветно го добија во EDEN. Во вториот дел ќе пишуваме за односите со новите сојузници и инцидентот со полскиот закон за ПН на Молдавија.

Чиле избркан од Terra

Веке подолго време постоеше ривалитетот помегу Аргентина и Чиле за превласт над регионите и ресурсите во Јужна Америка и Нов Зеланд. Аргентина ја имаше напуштено Terra веќе година дена и беше само про-TEDEN ориентирана. Иако нивните несогласувања траеја веќе подолго време сепак тие ја достигнаа својата кулминација во последните неколку месеци. Додека Чиле поседуваше региони на Нов Зеланд Аргентина организирано се бореше во востанијата таму. Исто така Аргентина лобираше кај земјите членки на EDEN да не потпишуваат MPP со Чиле и постојано се закануваа дека ке го прогласат Чиле за ПН (природен непријател - NE). Истовремено и Чиле се бореше во востанијата во колониите на Аргентина. Но, како главна причина зошто Чиле беше избркан од Terra беше наведено тоа дека ја блокираше Аргентина во нејзиниот поход на Нов Зеланд со освојувањето на Auckland. Како што рекоа во официјалното соопштение од Terra тие можат да толерираат многу работи, но “предавството” не е една од тие. Според мое лично мислење, единствената причина поради која Чиле беше избркан од Terra е влијанието на EDEN, кој многу повеке сака да види Аргентина на нивна страна поради значително поголемата штета што ја прават. Чиле во моментот има потпишано MPP-а со поголем број од ONE членките и се надеваме дека во иднина ке имаме успешна соработка со нив.

Бугарија го напушти EDEN

Верувам дека повеќето од вас сте информирани за поголем дел од тоа што се случуваше на релација Бугарија - Турција - EDEN во последните месеци. Овој дипломатски спор својот епилог го доби кога Absfresh (претседателот на Бугарија) на еден од самитите на EDEN предложи EDEN да избере помегу Бугарија и Турција. Иако првичното гласање беше во полза на Бугарија, сепак, 2 дена подоцна тоа гласање беше прогласено за невалидно по што имаше ново гласање по кое Бугарија го напушти EDEN. Веднаш по излегувањето од EDEN Бугарија ја прогласи Турција за ПН, потпиша MPP со поголем број од ONE членките и веќе одлично соработува со ONE. Сепак и покрај оваа соработка Бугарија нема да влезе во ONE и ке оди по патот на формирање на нов сојуз кој најверојатно би бил про-ONE ориентиран.

Аргентина го доби статусот на “Trial Member” во EDEN

По напуштањето на Terra Аргентина остана про-TEDEN земја. Нејзината желба да стане членка на EDEN се активираше во последните месеци. Така, на еден од последните самити на EDEN беше одлучено Аргентина да биде примена како “Trial Member”.

Албанија стана членка на EDEN

На еден од самитите на EDEN по предлог на Романија Албанија беше едногласно примена како полноправна членка на EDEN. Главната причина поради која Албанија сакаше да стане членка на EDEN беше мислењето дека со станувањето на полноправна членка кај EDEN ке се разбуди интересот за нивно ослободување. Но, не само што не беа ослободени туку и за првпат останаа без конгрес а главни “виновници” за тоа сме ние и Србија.

Македонија и Бугарија

Македонија, заедно со останатите земји членки на ОНЕ потпиша МПП со Бугарија, земја која до пред неколку недели беше наш постојан ривал на военото поле. За кратко време, благодарение на прекрасната координација се вроди мошне плодна и успешна соработка меѓу двете земји.

Македонија и Чиле

Претходната македонска влада контактирала со владини претставници на Чиле а членовите на сегашната македонска влада ја продолжија дипломатската комуникација. МНР за кратко време успеа да воспостави комуникација со Чиле на ниво достојно како за сојузници. Иако на почетокот чилеанците се двоумеа за поставувањето на македонска Амбасада сепак со нивното излегување од Тerra тоа и се случи а непосредно после тоа двете земји потпишаа и МПП со што добивме уште еден сојузник кој особено ќе учествува во нашите ноќни битки.

Инцидентот со полскиот закон за ПН

Неколку земји членки на ОНЕ меѓу кои и Македонија кои водат битки на повеќе фронтови бурно реагираа до полското раководство поради нивен Закон за природен непријател. Иако претходно многупати контактирани од наша страна па и од останати земји да ја нападнат Романија или Турција откако ќе добијат граница со некоја од тие две земји, сепак полски член на МоФА пушти Закон за прогласување на Молдавија за природен непријател. Наши играчи почнаа да го критикуваат истиот со што полјакот возврати кон македонците со навреди. Нарекувајки ги македонците “фиромјани”, полскиот МоФА советник се бранеше од македонските “навреди” упатени кон него за според него сосема “безначајна работа”. Откако реагиравме до полскиот Претседател, а и упатените критики кон полјакот, истиот на македонскиот МоФА канал упати извинување кон Македонија и македонците дека тоа го кажал во “момент на нервоза и не го мислел сериозно” а од полската МоФА беше пуштено извинување за Законот но не и кон македонците за упатената навреда. Сепак, бидејки не му е прв пат да трола против Македонија а штетата веќе беше направена, му забранивме пристап на нашиот мофа канал. Би сакале да Ви напоменеме дека во Полска сеуште има про-ЕДЕН настроени играчи и пожелно е да ги игнорирате нивните тролања. Но, овој закон за ПН е своеволен акт на конгресот на Полска и нема НИКАКВА поврзаност со владата на Полска, што и беше објаснето пред претставниците на ONE.



Со Почит
MoFA тим: PhoenixMK & Andrej.M
BucephalusIII, Voix Of Macedonia, AlexSkopje, Strumjanin.