[МНР еМакедонија] Прво соопштение

Day 1,570, 05:03 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Најпрво да Ви се извиниме за доцнoто објавување на воведното соопштение, имавме проблеми со организацијата.

Ви го претставуваме тимот кој овој месец ќе менаџира со надворешната политика на еМакедонија. Тимот министри за надворешни работи овој месец е на рекордно највисок број, но тоа ќе ни овозможи подобра распределба на трудот. Овој пат се решивме да не правиме некоја хиерархија меѓу министрите туку ќе се работи во тимови или поединечно во зависност од околностите и можностите.

Тимот на македонското Министерство за Надворешни Работи е составен од добро познати и искусни играчи во сферата на политиката и новинарството и тоа:

PhoenixMK

Voix Of Macedonia

Strumjanin

BucephalusIII

AlexSkopje

Andrej_M

Поради RL обврски, Princess Emily се откажа од активната министерска функција но сеуште ќе ни помага доколку има потреба.

Примарна цел на овој еКабинет ќе биде негувањето на добрите односи со нашите сојузници и нивно активирање да земат поголем ангажман во нашите војни и vice versa, одржување на достојни дипломатски контакти со земјите од регионот кои членуваат во противничките сојузници како и придобивање на нови пријатели и поддржувачи на еМакедонија и секако, навремено информирање на македонските граѓани за одлуките на Претседателот и на Министерството донесени во доменот на надворешната политика. Наскоро ќе биде објавен и конкурсот за Амбасадори на еМакедонија.

Претседателот Aexil Kong вети активни и интересни 30 дена а ние, неговите министри и помошници ќе се трудиме со сите можни средства да Ви го овозможиме тоа.Моментално се се одвива по планот. Откако ќе завршеме со Албанија, преминуваме во Италија и од таму, започнуваме нова турнеја.

Доколку имате прашања, слободно може да ни пишете порака или да контактирате некого од министрите.

Со Почит
PhoenixMK
Министерство за Надворешни Работи