ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА!!! [АВРАМОВСКИ]

Day 1,498, 11:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Здраво еМакедонијо!
Здраво Македонци!

Се наближува крајот на оваа 2011 година во која еМакедонија имаше неверојатно голем успех момци, ОНЕ истотака! Но како изминува годинава изминува и моќта на ОНЕ и некогашните победи се претворија во порази!
И тоа е главна тема овие денови!

За ОНЕ и нови сојузи:

Видов милион шаути кои со поплаки до ОНЕ кои со идеи и предлози за нови сојузи. Како одговор на нив искочија уште толкав број на статии, прекрасно напишани со одлични идеи но само со малку се сложувам. Како за пример една од нив ќе ја наведам онаа на Воикс. Тоа е статија која буквално како да сум ја пишувал ја самиот, бидејќи го делам апсолутно истото мислење!
Не треба да ја бараме кривицата во другиот, туку во себе!
Нов сојуз? За нов сојуз треба многу време и многу напорна работа на него за да успее! Ризикот е преголем! Имиџот на Македонија на коцка! Со тие работи неможеме да си играме, не сега!
А додека пак за тоа како ОНЕ треба да се оправи, веќе Струмјанин во неговата Ви кажа во негов уникатен стил.

Значи јас сум против нови сојузи и Ве советувам за поразите вината да не ја бараме во ОНЕ. Факт е дека некои членки претераа и мислам дека тоа е и причината за сето ова, премногу се раширија и уживаа 10 од 10 додека нас не бришеа!

Но сега, и во овие тешки еВремиња народе ако не и најтешки досега за ОНЕ за пример земете ја Полска која едвај е на 5-6 ресурси, ние сме на 8 од 10, истите ги држиме повеќе од 2 недели! Планови за евентуално ширење и освојување на нови, неможам да Ви ветам, не во оваа состојба!
Затоа пак ќе помагаме на нашите сојузници со сите наши сили!

Околу Кипар:

Факт е дека од Кипар изгубивме поради тоа што бевме И САМИ - И ЦЕЛ ЕДЕН МАВАШЕ НА НАС. Но зашто беше тоа така?

Имав разговор со претставниците на ОНЕ истата вечер и ми беше образложено зашто немало помош и каде била истата додека ние се обидувавме да го окупираме Кипар со ресурси кои веќе ги поседувавме, додека некоја друга членка на ОНЕ ја бришеа. Значи тоа јас можам да го разберам во целост, но моето мислење и она Вашето не значи дека е исто. Треба да имаме разбирање!

Истотака добив милион прашања за тоа кои се нашите планови, што ќе биде следно?

Пред неколку дена јас се изјаснив дека сум разочаран што Вас Ве разочарав и не ги остварив моите намери, да стигнеме до таму до каде што сакав да стигнеме! Нема да навлегувам што како и зашто тоа не се оствари(сите знаеме)...тоа е што е, Турција ни застана на пат...

Како и да е Македонија останува таму каде што е со своите Македонци и ќе ги браниме овие региони со сите расположливи средства. Ако некој сака да ги земе, нека повели слободно, ќе го чекаме со копјата кренати!

Околу Турција:

Нешто плус околу Турција е тоа што доста прочитав за да изгласаме НЕ кон нив. Тоа нема да се случи! Ја сум против тоа! Истото пред 1 недела го искажав и пред турските претставници. Македонија не ги расипа односите и ние нема да бидеме тие што го прогласиле својот некогашен најголем сојузник за непријател, не затоа што им се плашиме туку затоа што немаме причина за такво нешто, тоа го оставам на нив а доколку тоа го направат - нека им служи на чест! Ние сме многу поголеми од тоа!!!

И по се изгледа, шансите за тоа се многу големи и е прашање на време само кога Турција ќе не прогласи за непријател, ние ќе ги чекаме!

Затоа посакувам да ја пречекаме новата година со регионите кои сега ги поседуваме и да се трудиме и го дадеме максимумот да не ги изгубиме! Нешто големо се спрема!

ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА!!!

Чувајте се што имате! Моментално сме во одлична позиција и да го браниме тоа што го имаме!
Ако некој сака да го земе НЕКА ДОЈДЕ СЛОБОДНО!
НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ И НИКАДЕ НЕ БЕГАМЕ!
И ДА ИЗГУБИМЕ ЌЕ ИЗГУБИМЕ ДОСТОИНСТВЕНО!

Со почит,
Ваш и искрен
Претседател на Македонија
Душко Аврамовски