Спреми се Македонијо!!!!!!!! [АВРАМОВСКИ]

Day 1,491, 10:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Здраво еМакедонијо здраво Македонци!!!



Македонија конечно стапна на бреговите во Азија!

Македонија почна да чекори кон непознатото...НО!...

...Македонија во следните неколку денови ќе биде причина за епска битка!




Многумина веќе можат да забележат дека Кина попрво ке дојде до нас отколку ние до нив! Но тоа и не ме изненадува знаејќи го фактот што они одат низ една земја која едвај брои 1000 жители додека ние угодувавме на 7 држави!

Македонија го помина најтешкиот дел, сега се се сведува на нашата моќ!

Имено, покрај Кина многумина истотака забележаа дека и Турција прави такви освојувања како да сакаат директно да ни го пресечат патот! А тоа е веќе повеќе од сигурно!

На овие чекори од страна на Турција кои ги сваќам како понижувачки и потценувачки во самиот чин да се обидат да се испречат на нашиот пат воедно и блокираат сите планови према Индија неможам да реагирам никако поинаку освен да бидат прегазени од наша страна, доколку и само доколку застанат на нашиот пат!
Затоа немојте да се изненадите ако eМакедонија НЕНАДЕЈНО скршне и се сврти тотално према Турција, но ова не е ништо официјално, моментално е главна тема на разговор, мое е да Ве припремам за се што следува!

Доколку до граница со Пакистан, или можеби Кина стигнеме ние први а не Турција, се по извесно е дека ќе има сигурна војна со Кина! Тоа е војна која мора да се добие, поразот не е опција! "Неможеме" збор кој не смееме да го помислиме а не пак изустиме! Ние сме Македонци и нас НИ СЕ МОЖЕ!!!

На овој или оној начин, еМакедонија ја чека можеби досега најтешката битка! Таа нема да биде помеѓу Македонија и Кина, таа ќе биде против ОНЕ и ЕДЕН!

Некогаш Александар Македонски, иако надвладеан од бројката на Персиската армија сепак успеа да оствари херојска победа каква ниту една потоа!

Овојпат е поинаку со поинаков непријател!!!

Овојпат тоа е Кина, и они се надвладеани од нашата бројка на играчи, но дали ќе успееме да ги надвладееме нивните мастер картички кои се во далеку поголем број побројни од нашите!

Но тоа ли ќе биде мерило за нашата моќ?

Каде се нашите лавовски срца!?

Еве на што мислам!

Некогаш битките се добивале со срце, денеска со оружје а оружјето го имаат оние кои имаат пари!

Такви се кинезите и тие имаат многу!

Како за пример, што не чека таму, ќе кажам за кинески играч кој денеска направи над 50 q6 фабрики за тенкови 🙂 помножете го тоа со 200!

Затоа спреми се Македонијо!!!!

Спреми се те чека тешка битка!!!!

Чувајте го последниот тенк, базука...испишете го на нив вашето име и подарете им го штом започне битката да Ве паметат!!!

Да се победи ќе биде тешко, но ако го дадеме максимумот верувам ќе успееме!

СПРЕМИ СЕ МАКЕДОНИЈО!!!!!!!!





Ваш и искрен,
ДУШКО АВРАМОВСКИ