[Амбасадор] еБугарија - Што мислат обичните играчи !

Day 1,418, 02:13 Published in North Macedonia North Macedonia by United Macedonians

Како Македонски Амбасадор во еБугарија решив да направам статија во која ќе го прикажам размислувањето на обичните граѓани од овие 2 земји.Ги избрав по случаен избор а одговараа на следното прашање ''Какво мислење имаш за еМакедонија/еБугарија, и Македонско - Бугарските односи?''




Одговорите на Бугарските играчи кои беа избрани по случаен избор...


hanibalbg

Со најголемо задоволство, и без тоа половина од моите пријатели на листата во играта се Македонци 😁. Добри однос имам кон Македонците, и во РЖ, и во играта. Ти прашуваш повеќе за е-Македонија. Тоа пак е исто, пријателски ми е односот, инаку мислам дека сме исти луѓе, браќа. Но, тоа е една игра, во различни сојузи сме, а јас сепак сум член на е-Бугарската армија. Затоа ако македонска битка е приоритетна, се борам против вас, не можам да дозволам симпатиите да преовладуваат над армиските наредби.

.....

Всушност можам и уште да зборувам, но ти правиш само статистички примерок. Накратко - моето мислење за Македонците е добро, ве сакам,охрабрува и почитувам како мои браќа и сестри. И ви посакувам само успех 🙂! Ако ме прашаш која земја би сакал најмногу за сојузник во играта, тоа е е-Македонија. За мене би било задоволство да се борам рамо до рамо со Македонците, а не еден против друг 🙂.


LordGelu

Немам некое специјално мислење за еМакедонија. Како и сите други балкански земји полна е со националисти, кои пренесуваат комплекси од реалниот живот во играта. А тоа е често досадно.

Инаку немам ништо против (е) Македонија. Секој е во право да се декларира - како добра намера , додека не пречи на другите.

Односите меѓу еМакедонија и еБугарија не се добри. И додека правиме бејби буумови со националистички пароли, нема да се поправат. 🙂

Успех на сите на играта!


Vasil Naidenov

За мене Македонците се како браќа, како Бугари, јас не сум од луѓето кои бараат поделба, тоа го прават политичарите и не делат наместо да живееме во мир и разбирање, бидејќи имаме заедничка историја, а крвта вода не станува како што вели народот .
Честитки за функцијата и успешна работа ти посакувам.До скоро слушање..




Одговорите на Македонските играчи кои беа избрани по случаен избор...


partibreaker

Мислење за еБугарија?

Силна еДржава ама слаби стратези.

Македонско – Бугарски односи?

Никакви, се додека не се освестат дека ние сме посебен народ со карактеристики различни од Бугарските.


k1ng of Macedonia

Бугарија е една силна земја во еСветот , бев минатата година на одмор во Бугарија и супер си поминав , мислам дека еБугарија и еМакедонија можат да станат многу добри пријатели во играва!Сепак ова е само игра...Play the game & have fun 😉


Macedonia for Macedonian's

еБугарија - земја сосед на еМакедонија (Република). Членка на EDEN сојузот, наш индиректен противник. Овде мислам на тоа што се придржуваме на договорот за ненапаѓање - двете еРепублики се бориме индиректно едни против други. Според мене, еБугарите се добри еГраѓани, со исклучок на тие што тролаат во нашиот медиумски простор и не навредуваат! Ама и кај нас има такви, за жал! Сите ова го знаеме. Кратко кажано, значи има реципроцитет во односите.

Поздрав до еБугарите од Република еМакедонија,
МнМ



Моето мислење е следно - Прочитајте го одговорот на Vasil Naidenov па потоа одговорот на partibreaker и ќе заклучите што е всушност проблемот ![/center]



United Macedonians Македонски Амбасадор во еБугарија



- За шоут


[Амбасадор] еБугарија - Што мислат обичните играчи !

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1877888/1/20