[МНР] Отчет за Сработеното

Day 1,416, 17:16 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Имавме доста напорен месец. Го загубивме главниот град и колониите, бевме останати на само 1 територија и за малку се спасивме од бришење, но еве на крајот на манатот ние ја избришавме Грција.

Овој месец, тимот на МНР беше составен од Wild O како Министер за Надворешни Работи и
Lance of Longinus како Заменик Министер за Надворешни Работи.

Рутинска работа ни беше да договараме да не стават за CoD, да бараме странси единици да ни помогнат и слично. Иако ова не е наша примарна работа, кога губиме на војното поле мора нешто да се направи. Понекогаш ваквите договарање се доста обемни. На пример, за време на војната со Кина, организиравме да бидеме CoD во исто време на повеќе од 15 држави и побаравме помош од речиси сите команданти на сите паравојски во ОНЕ и про-ОНЕ земјите.

Освен оваа секојдневна работа, вистинската работа на МНР е кроење на државната политика и работење на односите со другите земји од е-светот. Имавме безброј преговарања и договарања, разни планови и договори, но не би сакал јавно да ги објавувам во интерес на еМакедонија. Ние сме овде за Македонија и работиме за интересите на Македонија, а не да се фалиме што и како сме направиле.

Веднаш по стапувањето на должност, јас лично почнав голема дипломатска офанзива низ цела Азија и Ј. Америка. Разговаравме за потпишување на МПП со вкупно 12 земји кои би ни помагале за ноќните битки. Исто така, лобиравме дел од државите со кои имеме добри односи да не потпишуваат МПП со Грција, па 2 од нив прифатија.

Некои држави како Пакистан (во тоа време ни требаше како драин за Кина) и Сингапур (мала држава која ќе ни помага ноќе) прифатија, други како Јапонија и Тајван прифатија, но откако Кина им се закани дека ќе ги избрише ако потпишат МПП со нас се повлекоа. Трети држави како на пример Јужна Кореја прифатија, но сеуште не сме потпишале МПП бидејќи се чека прво да им истече нивното МПП со Грција, тоа ти е еден сојузник помалку за Грција и 1 повеќе за нас.

Исто така, направивме реформи во МНР и воведувме нови систем и организација на амбасадорите, со посебна комисија која ги анализира случувањата во земјите и ја одреува нашата политика и интереси кон секоја земја оделно.

Воведовме регистер на сите земји во светот, кај што се забележуваат сите потези и донесувања на државите во светот кон нас.

Исто така, потпишавме специјален договор за соработка со Индонезија, кој сметаме дека значително ќе ни помогне за време на ноќните битки.

Во тек се подготовка за одбележување на 1 година од додавањето на Македонијза и голема кампања за бришење на референцата ФИРОМ.




Со почит,
Lance of Longinus