Да се потсетиме

Day 1,362, 18:07 Published in North Macedonia North Macedonia by KralliMarko

Да се потсетиме од деновите кога Мујо и Хасо беа нашите омилени јунаци. 😉

Се вработил Мујо во Музеј и на крајот на првиот работен ден оди кај шефот:
- Шефе, ќе бидете многу задоволни од мене! Работам овде одвај 1 ден, а веќе продадов два Пикаса и еден Рембрант.

Стојат Мујо и Хасо на даската за скокање на базен.
Мујо се спрема да скокне, а Хасо му вели:
- Кога те гледам вака ми личиш на орел.
- Заради фигурата тоа?
- Не бе, заради ноктите на нозете.

Си биле Американец, Француз, Турчин и Мујо и правеле муабет кој со што се гордее.
Американецот: "Јас сум на горд на CIA. Што и да се случи во светот, што и да треба да се случи, CIA веќе знае".
Французот: "Јас се гордеам со нашите Французинки. Ем се убави, згодни, ем паметни, а не се даваат на секого".
Турчинот: "Нашите теписи се најфината работа на светот, меки се, малку се скапи, но вредат вистински за парите".
Мујо: “Еее болан, јас сум горд на себе. Пред некој ден ебев Французинка, и тоа на турски тепих, а CIA нема појма!“

Јаделе Мујо и Фата нешто мрсно.
Фата се извалкала на фустанот, па кука:
- Леле изгледам како свиња!
- А плус си и извалкана.

Отишол Мујо на театар, па кога се вратил Фата го прашува како поминал:
- Море остај бре жено, досадно беше, што да ти кажувам.
Само на крајот беше интересно, кога делеа капути. Јас три си земав.

Се шета Мујо по улица и ја сретнува Цеца (знаете која, нели?). Целиот радосен и вели:
- Цецо, жити мајка, сега ќе пројдам со девојка ми, па ако не ти е тешко те молам да ме поздравиш демек ме знаеш, колку да испаднам фраерска фаца.
- Нема проблем.
По некоја минута доаѓа Мујо со девојката, и ете Цеца го поздравува:
- Кај си бе Мујо, што правиш?
- Цецо, ај иди у курац више! Ти реков, имам девојка!!!

Што прават Мујо и Хасо на клацкалица?
Го заебаваат снајперистот.

Отишол Хасо кај Мујо на гости и го гледа Мујо го ставил курот на печка.
- Што е работава, бе Мујо?
- Проста физика бе, телата на топлина се шират а на ладно се стеснуваат!
- Добро... А кај е Фата?
- Ене ја у фрижидер...