Министер за надворешни работи - Осврт на изминатиот мандат

Day 1,350, 14:00 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija



Горчина и Разочараност

Со овие две состојби на емоционална дисхармонија и нестабиност ја започнувам мојата проштална статија.

Искрено кажано оваа статија ја чував за крајот на мандатот, кој што после напуштањето на Аминта веќе нема никаква валидност но бев решен до 5-ти да издржам машки и да си останам на позицијата министер за надворешни работи.

Сепак во текот на денешниот ден се појавија одредени статии се напишаа коментари во однос на кои не можам да остана рамнодушен.

Не можам да се изначудам на моралното дно кое што го допревме изминатиов перид.

Заборавивме да се почитуваме еден со друг, заборавивме да ја почитуваме институцијата држава, а што е најжално заборавивме да ја почитуваме МАКЕДОНИЈА:

Егоизмот, Алчноста, Себичноста и Завидливоста ги ставивме пред интересите на државата.

Период кој што требаше да донесе дополнително зајакнување на државата и напредок на Македонија, се претвори исчекување на судниот ден за исчезнување на Македонија од мапата.

Горчина почуствував од расколот меѓу македонскиот народ, меѓу играчи кои што сложно ја градеа Македонија раме до раме. Наместо да си помагаме едни на други, продолжуваме да си забиваме ножеви и да се радуваме на секоја пуштена капка крв и секој знак на слабост во лицето на нашиот близок.

Македонскиот народ си стана непријател број еден сам на себеси.

Proposed by the people of Macedonia, 26 days ago
Republik of Macedonia has been proposed as Natural Enemy.


Разочараност почуствував и сеуште чуствувам од Струмјанин и од Аминта.
Да, јавно ќе ги посочам, без никакво двоумење, иако добив позитивни критики за вршенењето на својата работа и од двацата.

Разочаран сум од Аминта што не успеа машки да го истера мандатот до крај. Да се бори до крај за Македонија. Да покаже на народот кој го гласал дека ако ништо друго има сила и храброст ГОРДО да погледне на мапата и да каже; Направивме СЕ што можемевме за доброто на Македонија.

Разочаран сум од Струмјанин, единствениот човек кој што успеа да ги сплоти сите македонци за доброто на оваа држава. Истиот голем човек, успеа да му даде на македонскиот народ повод за уште поголем раздор и омраза.

Наместо повторно да го искористи својот лидерски потенцијал и својата карма за водач, дополнително нали масло во огинот.

Можеби не е долично министер да пишува ваква статија, но во отсуство на водач на државата некој мораше да ги раздува облаците на Македонија

Дипломатија

Сакам на крајот на сите граѓани да им ги објаснам работите кои што се случуваа изминатито месец на не толку тајните состаноци.
Иако сите диплиматски разговори успеаа да излезат во јавност, јас ќе ви направам една ретроспектива на истите и ставовите кои што ги имаше Македонија во однос на истите прашања

Италијанските региони на Македонија.

Веднаш после пристигнувањето на новиот кабинет на чело на државата, на Македонија и беше претставен проблемот помеѓу Словенија и Унгарија.

Поради тоа што Македонија немаше никаков бенефит од целиот спор, беше повикана како држава која што има контрола врз регионите во Италија и верен сојузник на двете страни.

Македонија во ниту еден случај не прифати давање на Италијански региони на Словенија или на Унгарија. Уште пред да се започне со било каков сериозен разговор, дијалогот меѓу Словенија и Унгарија беше преќинат поради разидувања на ставови меѓу државите.

Фамозниот регион Апулија.

Регионот Апулија никогаш го немавме ни побарано од Србија, дури ги замоливме да го задржат за да не одделат од можен напад од Хрватска.

Египет и Саудиска Арабија.

Поради ограниченоста на ресурсите на Апенинскиот полуостров, и блокадата на Апулија, бонус од ресурси побаравме од Арапските земји.

Како пријатели на Египетскиот народ и народот од Саудиска Арабија, беше направен план за поврзување на отцепените региони во СА.

Планот беше, со што е можно помала штета да си ги поврземе регионите и да си ги искористиме ресурсите. Одобрување добивме од Египет кои што беа под Хрватско ПТО, кои во пресрет на конгресменските избори им одговараше да имаат помал број на региони.

Но тука наидовме на политички неуките ИНЏИ и Кипар. При обид за дијалог помеѓу Македонија и Кипар (сите верувам го прочитавте логот кој што го објавија ИНЏИ), нашата идеја за размена на територии беше одбиена од Кипар со разлог дека сакаме да им ги земеме бонусите која што беше доволна причина за војна. Од тука веќе се знаете

Грција и Италија добија огромна поддршка од тенковите на ИНЏИ, и со нивното присуство во секое востание Македонија полека почна да ги губи регионите.

Во периодот кога Македонија пралелно војуваше на 7 фронта цело време беше приоритет број 1 во ЕДЕН. Секој можен слободен борец се селше да помогне на Македонија. Тие кои што не можеа да се селат ги покриваа битките преку МПП-ата на државите на кои се граѓани.

МИР со Грција.

Кога веќе започнавме да ги губиме грчките региони и јасен беше исходот на војната, единствен спас беше во потпишување на ННП - NAP (Не напаѓачки пакт - Non attacking packt) помеѓу Македонија и Грција.

На состанокот присуствува и припадници на предходните влади, како и официлен преставник од ОНЕ.

Документот кој што го објави Струмјанин беше крајниот можен договор кој што би бил потпишан. Сепак сакам да напоменам дека во преговорите Грција во еден момент бараше да добие и дел од регионите во Египет а дури имаше индиции и кон оригиналните територии.

Сепак примирје при ослободување на Грчките оригинални територии не преставуваше никаков проблем на Македонија со оглед на ситуацијата дека во тој момент Грција имаше само 3 региони под Македонска окупација. Сепак со преселувањето на главниот град во Ред Сеа Коаст Македонија немаше никаков корист од грчките региони.

После одбивањето на предлогот за мир од страна на грчките граѓани, одговорт беше пренесен до македонскиот врв. Македонија во нути еден момент во текот на преговорите не се откажала од грчките региону туку вложуваше напори за да ги задржи истите.

Од сета оваа ситуација најголем губитник е Македонија, а најголем бенефит извлекоа Грција Италија и Кипар. Државите си ги добија своите територии назад, дури и региони плус за дополнителни бонуси.


За збогум

После објавувањето на оваа статија очекувам политички и морален линч од почитуваните граѓани. Навреди за предавник на македонскиот народ. Сепак такви коментари станаа секојдневие во весниците.

Ја оставам Македонија на наредниот претседател и му посакувам многу успех во обидот за сплотување на македонскиот народ.

Останете ми со 100 здравје (ќе ги тужам сите што ми ја копираат мојата патентирана изрека 😁

Следниот министер може слободно да ја избрише статијата доколку смета дека не доликува да биде дел од историјата на Македонија

Поранешен министер за надворешни работи
MeDsLeinad