КАКО ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ?

Day 1,344, 11:43 Published in North Macedonia Serbia by Mad lynx

Драги пријатели,

Многу луѓе ме прашуваат како да се збогатат на еРеп. Тоа и не е толку тешко, само треба да се постават приоритети и да се биде подготвен да се жртвува моментот за иднината. Еве како јас би го сторил тоа кога би бил баниран и би почнувал одново. Се надевам дека ова ќе помогне на новите играчи, како и на постарите кои, постојано соочени со прашања од новите, би ги препраќале да го прочитаат текстов (или исто би почнувале одново).

Забелешка 1: Бидејќи статијата е пишувана во 3 по полноќ, може да содржи математички грешки, но поентата е да се даде идеја на потенцијалните играчи, наместо да се плеткаме околу фини детали.

Забелешка 2: Текстот е адаптиран на македонските услови и претпоставува дека земјата поседува по 3 ресурси храна и оружје.

ДЕНЕС Е ПРВИОТ ДЕН ОД ОСТАТОКОТ НА ТВОЈОТ ЖИВОТ-американска поговорка

Во суштина, ова е она што го правите.

Прв ден:

Работа (во сите 4 ваши компании, плус во онаа во која сте вработени и заработувате 130 МКД), тренинг (без бустер), UPLOAD-ирај Avatar: 15 поени ХР (experiance points)

Втор ден: исто повторно минус Avatar: 28 поени. Вие сега треба да имате 320 Q1 храна = 640 здравје = 64 борби. Борете се 64 пати. До сега треба да имате 260 МКД од плата и 10 злато од прогрес на искуство. Купете со 10 злато Q3 компанија за суровини за храна (FRM). 92 поени ХР.

Трет ден: работа, тренинг. Продадте го 175 вишокот суровини од својата нова компанија за 67 МКД (175*0.3😎. Сега треба да имате (3 плати +67)457 МКД вкупно. Купете 652 Q1 храна(457/0.70). Заедно со својата храна (160) треба да имате 812 Q1 храна вкупно, што е доволно за 162 борби. Борете се 162 пати. Сега имате околу 260 XP и 7 повеќе злато од прогрес во искуство.

Четврти ден: работа, тренинг. Продајте ги суровините како погоре. Искористете ги сите 197 МКД за храна. Треба да имате 441 храна. Тоа е 882 здравје, или 88 борби. Борете се 88 пати. Сега имате околу 360 XP.

Петти ден: како погоре. Сега имате 460 XP.

Шестиот ден: како погоре. Сега имате 560 XP и сте на ниво 20. Имате вкупно нови 10 злато од прогрес во искуство. Размислете за купување на дополнителна компанија за суровини (Q3=10 злато).



Фаза 2:

Вашиот дневен приход сега е 130 МКД (плата) плус 134 од продадените суровини. Престанете да се борите. Продавајте ја својата Q1 храна секој ден (160 * 0,65 = 104 МКД). Вашиот вкупен приход сега е 370 на ден.

По 27 ден, ќе имате околу 7500 МКД во зависност од пазарот. Купете за 7500 Q4 компанија за суровини за оружје (WRM). WRM суровините се обично малку повеќе вредни од суровините за храна, бидејќи новите играчи не ги произведуваат од почеток. Оваа компанија произведува 280 WRM на ден, во вредност од околу 115 МКД. Вашиот дневен приход сега е 485 МКД. Помлади од еден месец сте и заработувате 0.8 злато на ден. Сега имате 870 XP.

По 35 ден ќе имате околу 4000 МКД. Бидејќи сте работеле секој ден 30 дена, ќе добиете бонус од 5 злато од медалот за HARD WORKER. Исто така, ќе добиете и 1 злато и за напредувањње до 21 ниво, и сега имате 1000 поени ХР. Продајте го злато во вредност од 7500 МКД и купете дополнителна компанија како претходната за WRM. Вашиот приход сега е 600 МКД на ден.

По 48-ми ден на салдото имате 7750 МКД. Знаете веќе што доаѓа тука-купете уште една WRM компанија за 7500 МКД. Сега имате 1170 XP. Дневниот приход сега е 715 МКД, или 1.2 злато на ден. Добро направено.

По 55 ден на салдото ќе имате 5000 МКД. Би требало да го имате вашиот супер војник медал (250 сила) на ден 50-ти (сигурно и порано). Продај те ги тие 5 златници за околу 3000 МКД, комбинирајте ги со отатокот од парите и купете ја четвртата компанија за Q4 WRM (saltpetre рудникот). Вашиот дневен приход сега е 830 и имате 1310 XP.
Да резимираме, сега имате:

3 жито (Q1 ком. За суровини за храна)
1 Q1 храна
2 риби (Q3 ком. За суровини за храна)
4 saltpetre (Q4 ком. За суровини за оружје)


Фаза 3

Во суштина имате два избора тука. Можете или да се определите или за воен пат, или за економски пат. Јас ќе ги нагласам можностите и за двата избора:



Воен

По ден 73 на сметка веќе имате 14.800. Искористете го ова да купите 10 злато (или ставете го на продажба во зависност од тоа колку сте стрпливи). Вие ќе имате 10 злато и 8800 МКД. Купете Q4 комп.за суровини за храна (7500 МКД) и Q1 фабрика за храна (10g) (екстра е 1000 МКД за земјиште).

Сега произведувте доволно храна за да се борите 64 пати на ден. Приклучете се на некоја воена единица, и откажете се од вашата цивилна работа. Тие ќе ви даваат дополнително Wellness во екстра храна, плус одредена количина Q5 оружје (што е убаво). Сега може да се борите преку 80 пати на ден по работа и обука - што е солидно. Веројатно попат сте го надоградиле и вашиот TOWN CENTER.

Вашите прехранбени компании сега ви обезбедуваат се што ви треба (за сега) плус малку повеќе вишок суровини, кои може да се продадат.

Имате 4 saltpetre рудници кои произведуваат 1120 WRM дневно во вредност од околу 460. Да сум на ваше место ова би го штедел и реинвестирал во уште компании. Како и да е, штом стигнете на 1000 МКД дневен приход (само штеди, инвестирај, повтори), тогаш може да си дозволите да тренирате со бустер (првиот или третиот). Би советувал никогаш да не трошите повеќе од половина од дневните приходи на тренинг. Тоа може да изгледа контра-интуитивно, но колку повеќе се инвестира, толку повеќе ќе се создава, и се зголемуваат можностите за повеќе битки и тренинг со појаки бустери. Тоа е до вас, иако, со неколку суровински компании, имате прилично доволно производство за не-економски ориентирани играч.



Економски

Едноставно – продолжи со инвестирање. Крајната цел е да се добие фабрика за Q5 оружје- Светиот Грал навистина. Можете со cheating(мамење) или со купување злато за реални пари да ги убрзате работите, но дури и со по 5 злато на ден заработка ќе ви требаат 2 и пол месеци штедење за да се достигне ова. Но, да бидеме реални-повеќето од играчите со Q5 се повеќе од една година стари, и се движеле по истиот пат (можеби малку помалку праволиниски од вашиот). Постапното градење на вашите ресурси е забавниот дел од играта. Со промените во економскиот модул, цените на стоките се зголемуваат пропорционално со платите, со што станува возможно да се вработуваат луѓе и во фабриките со понизок квалитет. Купување на гумена компанија за 35g може да изгледа погрешно, но со работниците може да се направи дополнителен профит кој не е за потценување. Малите нешта кои стрпливо ги градиме во изминатиот период помагаат да се издигнеме, и јас претпоставувам дека почнувајќи од нула, ќе требаат 3-4 месеци да се купи Q5 фабрика за оружје (доколку нема поволни понуди од администраторите). Во меѓувреме ги надоградуваме компаниите за суровини потребни за оддржување на Q5 фабриките. Q5 фабриката ви носи солидни 1 злато дневно или ви обезбедува најмоќно оружје, со кое полесно се постигнува прогрес-штом почнете да штедите за другите работи оставате простор за непречен развој на приоритетите.

И тоа е тоа! Долга статија, полна со текст, многу математика, веројатно неважно за многу од вас. Јас не очекувам 9000 гласови, бидејќи не се повикувам EDEN ликови, но сепак остава одговори за директните прашања од играчите, со што заштедувам на време не морајќи поединечно да објаснувам.


Се најдобро,

Текстот е преземен и адаптиран од The Economist, зашто сметам дека заслужува внимание.

За шаут:
КАКО ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1829896/1/20