БИРО ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ

Day 1,340, 06:09 Published in North Macedonia Serbia by Mad lynx

Здраво еМакедонци,
подолго време ме немаше со статија, но ново-настанатата ситуација (војни, востанија, банкрот на нашите граѓани), ме натера да помислам малку околу инструментите кои државата би можела да ги имплементира.
Имено, гледаме дека деновиве (што од војни, што од промени) дојде до рапиден пораст на цените на сите артикли. Јас по мене гледам дека со мојата плата неможам максимално да се вклучам во борбите за да и помогнам на нашата мила, додека до пред недела дена, комотно трошев и по 1500 велнес дневно на битки.
Знам и дека 90% од сограѓаните се во иста ситуација, така што неможноста да го дадеме целиот потенцијал (претпоставка моја е дека има нешто помалку од 9000 граѓани) резултираше со неповолна ситуација на бојното поле.
Ваквата ситуација ќе се опраи сигурно, но останува раздорот и нервозата меѓу луѓето, кој произлегоа од неа.
Затоа еден предлог:
Државата да формира БИРО ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ, во кое би се складирале големи количини од различни производи и кое би интервенирало со свои количини на пазарот, како би се оддржала стабилност на цените.
Истото би се финансирало како и НБРМ, и би имало директно одговорна личност (пр. Министер за финансии).
пс. Нешто ми мириса дека ќе ги поефтинуваат фабриките за репроматерјали

Молам за шаут за дебата!

БИРО ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1826595/1/20