[Аминта] Лично обраќање

Day 1,339, 08:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot
*ова обраќање го пишувам во својство на обичен Македонски граѓанин во огромно разочарување од дел од моите сограѓани


Здраво на сите Македонци и посебно внимание до нашите неуморни предавници и саботери,

Јасно ми е дека сите Македонци во изминативе неколку месеци се навикнаа постојано да победуваат и дека е сега тешко да се поднесе секој еден евентуален пораз.

НО: Како што и самите бевте сведоци изминативе 3 дена бевме и сеуште сме под жесток напад на постојани 6-7 фронта координирано од две алијанси ЕДЕН и Тера. Најајките тенкови на Хрватите, Романците, Грците, Италијаните, Русите, Американците и сите останати ЕДЕН и Тера земји сојузници се преселени во Македонија и веќе три дена истураат милионски штети во востанијат против нас.

Кога говорев за трпение, за разум и разбирање меѓу нас Македонците во врска со нашите планови не зборев во празно... За жал дел од нив успеаа да го разединат Македонскиот народ и со тоа директно да им помогнат на нашите непријатели во најтешките мигови за Македонија.
За некои од нашиве домашни тврдоглави хејтери, тролови и спамери очигледно Македонскиот јазик е баук тема па да ме разберат ниту кога директно им напишав дека ни треба слога, разбирање и трпени а не па уште да успеаа да прочитаат меѓуредови каква ни е состојбата во Македонија и кои ни се плановите.
За наша несреќа ЕДЕН И Тера имаат попаметни луѓе кои дури и со гугл преведувач дознаа многу повеќе отколку нашиве Амеби со директно читање на Македонскиот јазик и писмо.

Одиме со ред:
Бидејќи најпрво Кипар ни обелодени дел од плановите со објавување на логовите од муабетот, ЕДЕН имааа неколку дена предност да се подготват добро за да не спречат во нашите намери...еве тоа го видовме деновиве на терен. Браво за нив одлично беа координирани и си ја остварија една од зацртаните цели - да им обезбедат слободни територии на Италија и Грција за да можат да имаат Конгресменски избори. НО тие не застануваат тука, имам инсајдерски информации дека планот на ЕДЕН и Тера е да не отсечат во Италија на само еден регион со риба. Затоа и највеќе напињаа во Востанијата во Италија, Грција и Швајцарија.
Од ова кој сака и може да свати, ќе свати зошто барав селење на главниот град во мојата претходна статија.... па затоа и имавме одма пренасочување на фокусот на цела штета на ЕДЕН од Грција и Италија таму. барем ЕДЕН свати а нашиве амеби плукачи уште се мачат да разберат...но нејсе... толку им сече.

Е сега да се навратам на нашите хејтери, плукачи и предавниците на Македонија.
Додека тие беа презафатени со плукање по мене и прозивање, ме тормозеа и ми се закануваа по пораки како што доликува за уличари.... ЕДЕН и Тера се бореа на терен и преку борба СИ ГИ ОСВОИЈА регионите што им требаа во Италија и Грција. Значи хејтериве ако прозиваат некого дека ги дал, пуштил или поклонил тие територии тогаш треба истите тие да си се погледнат во огледало и да си одговорат на едно прашање.... во чив задник им беа напикани нивните глави додека ние во борба ги губевме тие територии од ЕДЕН ?!
Додека нашите тенкови фрлаа милионски штети да ги одбранат териториите во Италија, Швајцарија и Грција хејтерите неуморно плукаа, кукаа и плачеа, наесто да земат да отворат битка и да видат што се случува па и случајно онака уз пат да помогнат барем со некое стискање на fight копчето... тие не само што ме вреѓаа мене туку ги навредија и омаловажија напорите на Скимекс, Аексил, Мудаш и другите наши тенкови кои истрошија многу штета да ги зачуваат истите тие територии кои наводно сме ги поклониле. Јас на пример не можам да се мерам со нашите тенкови но и јас потрошив 150 злато кое сам си го купив за два дена обидувајќи се да ја одбранам Македонија... колку купивте и помогнавте вие хејтерите?

Како капак на сите саботажи, плукања и раздори кои неуморно се правеа во Македонија еве сега видов уште еден шок - имало и такви имбецили што сакаат во најтешките мигови да не раскарат и со сојузниците кои највеќе ни помагаа во овие јаки напади на ЕДЕН и Тера.
Една сика милион зборови :




се надевам сега имбецилов по мирно спие и му порасна за 5 сантима сега со тоа што им дигна на Србите востание, ги избрка и тие нивни тенкови кои ни помагаа да одат сега да го гасат пожарчето кое тој им го запали + мене ми отвори дополнителна работа и главоболка наместо да го координирам сојузниците во бранење на нашите територии сега да треба да објаснувам зошто имаме вакви дебили кои се кажуваат Македонци.
Проклети да се Админите што нема опција персона нон грата па за го исчистиме плевелот кој сака да ја уништи Македонија од внатре!

- јас само ќе го прашам отворено на мочкото (ако е 15 години или под 50 IQ не мора да ми одговори) - ако имаш толку пари и си јак фраер зошто не ги искористи да им дигнеш на Кипар или нашите непријатели востание или уште подобро зошто не ги испука во битките каде Македонија губеше во Италија и Грција?

Македонија секогаш страдала од своите трули семки.

На секој Војвода 3 предавници (јуди)!

Се надевам дека ќе ја разберете мојата нервоза, тонот и вокабуларот на кој е напишана статијава... не сум при себе кога си имам работа со домашни предавници. оваа статија ја пишувам во големо разочарување и бес од нашите домашни имбецили што по некоја сличајност нис е нарекуваат “браќа“ Македонци.
Отровите да доаѓаа од smee немаше да ми е ни криво и жал...ама ова е веќе премногу!

Ај наздравје!
HAUG!