еСветот и се потсмева на еМакедонија

Day 1,241, 14:49 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


еСветот и се потсмева на еМакедонија
http://tinyurl.com/6a8n8sv
~~chain shout~~

Речи си никогаш не пишувам и не ги коментирам случувања поврзани со војните и договрите околу нив, едноставно, читам нарадеби и пукам.
Но не се сите такви.
Откако Претседателот, на најтранспарентен начин, со спроведување на референдум, донесе одлука за мир со Италија и некакво враќање на територии, се јавуваат играчи кои одат контра неговите и одлуките на мнозинството.

Прво, ако некој не сакаше мир со Италија, имаше можност тоа да го напише во референдумот. Со оглед на тоа дека повеќе од граѓаните се согласија со идејата на Претседателот, обврска на оние кои не се согласуваат со тоа е да го почитуваат изборот на мнозинството.

Второ, Претседателот е избран од сите еМакедонци. Тоа значи, дека неговите одлуки во исто време се одлуките на мнозинството граѓани. Оттука, пак доаѓаме до истото, дека, мора да се почитуваат неговите наредби.

Жално, смешно и срамно е кога сојузниците и целиот еСвет гледа како сами на себе си правиме штета изразена во илјадници денари.
Едните се борат на страната на востанието, едните на страната на еМакедонија. Со еден збор, смешна слика за една земја која претендира да стане светска воена веле-сила.
Ако веќе не сакате да се борите, не морате. Тоа не значи дека треба да одите против официјалните наредби на еМакедонија

Ќе направам паралелли со реалниот живот.

Америка донесе одлука да војува во Ирак, Авганистан....
Голем број пацифисти, инаку Американци, не се согласуваат со оваа одука до ден денеска. Јас сепак не видов некој од нив да отиде и да им се придужи на бунтовниците..

Или...

На пример... мене и на голем број луѓе, не ни се свиѓа забраната за пушење у кафана. Ама не пушиме... Таква е одлуката на изборот на мнозинството и тоа е тоа. Таква е демкоратијата. Не може секогаш да бидеш на страната на мнозинството..

За крај...

Како поминува времето, се повеќе добивам впечаток дека одредени исти играчи, постојано и противречат на политиката на Претседателот. Не можам а да не се посомневам дека истите, добиле некоја задача од одредена партија намерно да ги минираат одлуките и акциите на Претседателот, со цел, подоцна, да го претстават неговиот мандат како неуспешен. Резултатот од сето тоа.. ќе биде негативен за сите еМакедонци.
Ако е неуспешен мандатот на Претседателот, тоа значи де е неуспешна и еМакедонија.
Ако некој, мисли дека ќе биде подобар Претседател, има можност да се кандидира на следните избори кои се закажани на 5 мај. До тогаш, негова обврска е да ги почитува наредбите и да војува според нив.
Секој оној, на кој не му се свиѓа како работи Претседателот, може да гласа против него на следните избори и тоа е тоа. До тогаш... како ќе наредат, така ќе правиме...
Не за друго.. да не ни се смее еСветот

еСветот и се потсмева на еМакедонија
http://tinyurl.com/6a8n8sv
~~chain shout~~