Кој е власт а кој опозиција ?

Day 1,234, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina



Кој е власт а кој опозиција ?
http://tinyurl.com/3td4845
~~shout~~


Кој е власт а кој опозиција во оваа земја? Ова е темата околу која скам да отворам дискусија со оние кои го читаат мојот весник.
По последните избори на 5 април, еМкаедонија за прв пат доби Претседател кој нема поддршка во Конгресот.
Интересно е што новиот Претседател веќе оформи свои тимови од министри, кои треба да раководат со извршната власт. Но овде лежи и проблемот. Како тие министерства да предлагаат закони кои би ги гласал Конгресот, ако во него, Претседателот нема поддршка.
Јас не знам, дали еМакедонија некако го има ова уредено, па затоа ги повикувам сите играчи до поголемо искуство да помогнат во изнаоѓање начин за надминување на оваа т.н. политичка криза.
Да не е патетично ќе беше смешно, кога денеска во коментарите на некои статии, членови на ОеМ (кои имаат високи политчки функции во еМакедонија) излегуваат со изјави дека „било многу убаво да си во опозиција“ и „да видам дека не е лесно да си на власт“.
Затоа ги прашувам и ОеМ а и сите други... кој е на власт во оваа држава?



Мое мислење...

Со оглед на тоа дека правилата на играта му даваат на Конгресот можност да му изгласа недоверба на Претседателот (импичмент) мое мислење е дека клучната политичка фигура во оваа игра ја има Конгресот, а не Претседаелот.
Оттука, се поставува прашањето.. како може Претседателот да раководи со министерствата, да поставува Премиер, да именува министри... а сите заедно да немаат поддршка во Конгресот?
Вчера разговарав со министерот за економија и човекот уште не знае ниту како би можел да интервенира во економијата... бидејќи пасворди за пристап до институциите... едноставно нема.
Според мене, Конгресот треба да го избере за Премиер, претседателот на партијата која има мнозинство, а тој да именува министри и да раководи со земјата.
Овој систем кој го имаме сега и на дело се покажа дека е неефикасен, нелогичен и спротивно на секоја политичка пракса.

Пред крајот да спомнам уште и дека е нелогична одлуката на администраторите да му дозволат импичмент на Конгресот. Во такви услови, изборите за Претседател се тотална глупост, бидејќи ако не го добие местото човек од владејачката партија, изборите џабе се одржале, бидејќи таа секогаш ќе може да го отповикува и со тоа да оди контра желбите на граѓаните..
Тоа што ОеМ не кандидираше претседател е само доказ дека и во таа партија може да се случат турбуленции кои ќе резултираат со ваква грешка, од која ефектите ги трпиме денеска. Што точно се случуваше во ОеМ, од партијата можеби ќе објаснат, а можеби нема. Она што е важно е конечно да нашравиме некаков договор... како да функционира политичкиот систем во земјава, бидејќи вака, нема да тераме далеку