Конгресмен! Сечија најголема желба

Day 1,194, 12:21 Published in North Macedonia North Macedonia by STEFANPIPO

Добро вечер, драги читалтели

Најпрво сакам да им честитам на Hristijan Cvetanovski, Stefan1991 BAN, Dance Kovacevska, Fantomsky, Alexander III Macedonian, GunnerMkd, Aminta Makedonecot, Kpakep4e, ExorcistMK, DarkoG, thedragon, Toni Stefanovic, Koteska, grepce, MACIdonians, DedaNoe, KAVADARCIKAVADARCI, Georg the macedonian, Krste_nik, Fricke, Georgioski Igor - 21от представник од ОеМ во Конгресот

Boban Panovski, Branislav1995, MakedonecMKD, Makedonija Do Indijа, Vasil Cakalarov, Macedonian Ruler - 6те представник од МНФ во Конгресот

Todor Roglev, Ivan Jovanoski, Dani branitel - 3те представник од VMRO - VEP во Конгресот

Се надевам дека горе споменатите 30 играчи, кои од денес се официјални конгресмени за еден месец во Македонскиот Конгрес, чесно и поштено ќе си ја извршуваат работата за која добија одговорност.



Но сега да се префрлиме на главното.


Кога сите си креиравме свои акаунти во играва и го видовме Конгресот, си поставивме една цел и си рековме самите во себе: “Ех, еден ден би сакал да бидам Конгресмен“. Но дали тоа е толку едноставно како што изгледа? Секако одговорот е НЕ.

Причината поради која ја пишувам оваа статија е тоа што голем број на играчи сакаа да си ја исполнат оваа замисла многу порано од потребното, односно големиот број на кандидати во партиите за Конгресмени. Што би се рекло “пола Македонија“ се кандидира за Конгресот, а повеќето од нив не сфаќаат како функционира тој и која и колкава е одговорноста.

И кога би ги запрашале, зошто се кандидирале за Конгресмени, тогаш ќе одоговар со некој од овие одговори:


За Медалот и 5те Gold. Како прво да ги разрешиме 5те Gold, затоа што тие треба да се донираат во НБРМ, а особено сега, кога Македонија има мали резерви. И од ова објаснување место држи медалот, од кој нема да видите некое големо фајде, затоа што добивате со него??? Ништо, освен причина за фалење дека сте биле Конгресмен во вашиот еЖивот.

Поради заслуги. И тоа какви, повеќето од овие кандидати имаат искуство од 1 месеци и сега им кажуваат “нивите на татковците“, односно играчите кои имаат искуство поголемо од пола година, кои пак никогаш не се кандидирале за Конгрес. Ова објснување не држи вода затоа што има многу повеќе луѓе кои имаат повеќе заслуги од вашите.

За да допринесам нешто за еМакедонија. Најпрво да разјасниме, ви не донесуват одлуки, само ги гласате. Затоа што одлуките ги донесуваат поискусните играчи, кои се предводници на партиите или пак претседатели. Во тој Конгрес вие сте само “кукла која виси на еден конец, кој е во раката на кукларот“, каде што друштво ви правите многу како вас. Доколку вашиот мандат се покаже како добар, тогаш главните заслуги ги носи претседателот, а вие ги “збирате остатоците“. А доколку вашиот мандат е неуспешен, тогаш главните виновници сте вие, “Конгресмените кои се излежавале во фотељата“. Затоа оставете му го местото за одлучување, на оние на кои што “гласот им е посилен“, односно играчите кои имаат поголем стаж, повеќе се разбираат и нивното мислење повеќе се цени.


Сега за целта на оваа статија. Целта на оваа статија не е да ви го претставам Конгресот, како “пеколот во оваа игра“, каде што не треба да се оди, туку напротив да го направите тоа, но кога ќу му дојде времето. И да ги оставите поискусните играчи да си ја вршат работата и да го следите нивните чекори, зато што кој знае можеби еден ден вие би станале нашите нови Претседатели и Конгресмени.

Искрено ваш, STEFANPIPO