Љубов или панаѓур (или колку е лесно македончето)

Day 1,194, 06:22 Published in North Macedonia Bulgaria by Mitko Makedonecot

Гледам и не е верувам, колку е Македонскиот народ лекоумен.

Ај за реалниот живот знам,ама ова што се случува тука, во една игра е за СРАМОТА.

Преку глава од дневнополитичките сра*а од типот на Јас сум А1,Предвремени избор, Фуере го испратиле или не...си го уклучив игричево , да кликнам 2-3 пати и да видам на чат што се случува.
И пишман сум што вчера (Ден на избори за конгрес) воопшто влегов на чат.

Од сите страни понуди, молби, брат гласај мене, мора да победиме, да не дозволиме оние другите да освојат повеќе места во конгрес( Демек крај на светот ќе биде, ако некој момак со своите 17 години влезе иле не влезе во конгрес)

На друга страна гледам се плукаат до вчерашни другари демек , едниот украл злато дури бил на фотеља, па другиов му контра...
Демек многу фајде од виртуелна позиција, во виртуелна држава , во виртуелен свет.....ма одете сите у Виртеуно ПМ (не е ова Private Message, само да знаете)
Леле македончето колку е подложно на манипулација.
Ве изманипулира една игра, ќе расипувате пријателство за виртуелно злато, за апстрактни врдности кои НЕКОЈ ден ,а тој ден сигурно ќе дојде и истите тие злата, левели, инфлуенси ,медали ,ќе паднат во вода и ќе сватите дека ова е играа а живото е надвор од Виртуелниот свет.
Сите си го покажуваме патриотизмот со играње на игра каде ќе ги лечиме сопствените комплекси , и ќе глумиме некои лажни големини, тоа е Виртуелен патриотизам, каде секој е јак од дома пред компјутерот.

Срамота е ова што се случува, малку е што се делиме во реалниот живот на СДСМовци и ВМРОвци,за да ни се ситат непријателите на Македонија, морате да правите глупости и во една игра.

Зошто македончето не успева во животот?Зошто македончето е стока најглупава на свет.(чест на ретките исклучоци)

Кога барем половина од енергијата која ја трошиме да се напаѓаме меѓу себе во играва, би ја користеле за ширење на Виртуелни пријателства кои ќе прераснат во Пријателства од Реалниот живот, еМакедонија и Македонија ќе бидат поуспешни како држави.

Да живее Македонија онаа реалната , која е надвор од Виртуелниот свет на еРепублик , да живее еМакедонија која е дел од Виртуелниот свет на еРепублик.