Тренинг војна.

Day 1,165, 08:30 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Ете ја добивме и втората војна со Бугарите. Демек тренинг војна.
Каква е таа тренинг војна за која во јавноста не се огласија ниту Претседателот на Македонија а земајќи го во предвид моменталниот распоред на силите што е поважно не се огласи со артикал ниту Претседателот на Бугарија.

Што ако утре Бугарите удрат така пријателски малку повеќе отколку што треба и останеме пак избришани?
Или Романци, Хрвати, Грци онака пријателски преку нивните МПП.
Дали и тие се известени?!

Мој впечаток е дека сме како изгубени Германци моментално и чиста среќа е и Источна Македонија што е слободна.
Од друга страна 2 дена не се дигна востание за Повардарие или Западна и никогаш не добив одговор издржан колку и да го барав. Се координираме со сојузниците, кој ни се тие сојузници, на што се чека?
На погоден тајминг или?

Вчера Бугарите изгласаа неуспешен ПН http://www.erepublik.com/en/Bulgaria/law/66271
резултатот беше 23 - 21 што е недоволно.

Во моментот кога нашиот претседател пушти таков закон http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/66412 резултатот во Бугарија беше 16 - 1 но тоа не значи дека е изгласан законот кога имаше уште 23 саати и уште над 20 - 25 конгресмени со право на глас.

Од друга страна фактички ние први го изгласавме со тоа што Драш го гласаше ЗА и резулатот 1-0 всушност значи 100% за ПН - Бугарија во ситуација кога немаме конгрес.

Ете одиме во втора војна како муви без глави, без соопштение без најава без ништо....
Утре ќе бркаме ебени мисии а што е со тие 10.000 Македонци што се наоѓаат во Повардарие или во Западна Македонија тие за Бугарите ли да маваат или ќе се селат 10.000 луѓе за Македонија?
Удрете математика 10.000 карти колку пари чинат и што е поважно ги нема на маркет.


Резиме: Со овој памет БЕЗ ПАМЕТ или долго време ќе сме избришани или ќе го освоиме цел свет. Средина нема.