Крај на третата Смена

Day 1,164, 20:20 Published in North Macedonia Nigeria by Avramoski Slave

Најпрво голем поздрав до сите.

Ова ми е прва статија и затоа нема многу да ја тупам за политиката туку ќе пишам нешто друго.

Како што гледате името на мојата новина е “Трета Смена“, тоа значи дека претежно статиите што ќе ги пишувам ќе бидат длабоко во ноќта или пак во раните утрински часови, или пак едноставно во третата смена.

Додека беше распустот имаше доста луѓе за моаебет но откако почна учебната година помалку има на чат, но тоа незначи дека е помалку забавно сега. Баш напротив, одвреме навреме се појавуваат некои интересни ликови кој иако ви паѓаат очите иедвај “стоите“ на тастатурата, сепак ќе ве натера со нешто да се задржите и понатаму на чат. Сепак ако нема квантитет не значи дека нема квалтетот 😉. Баш напротив 😉

Иако весников го имам неколку дена сепак немав некоја посебна инспирација за пишување иако имам неколку теми кој би сакал да ги пишам сепак ќе почекам да помине целава оваа сага со Бугарија па се надевам дека ќе има почесто што да читаат ноќните птици. Ќе се трудам да избегавам многу политика (само малку), а повеќе внимание на забава.

За вечерва ќе ве поздравам со едно добро клипче.

http://www.youtube.com/watch?v=w0hA7IPC5WY

П.С. Маклу е штуро едитирањето но сепак ми е прво, но за понатака ќе го подукрасам малку со сликички 😉 и други марифети.

Добро утро на тие што се прва смена, а добра ноќ на третата смена