Економски крах - Има ли излез?
SaveAss
По повод историската цена на лепчето од 1 денар, редно е да се напише нешто како решение на сегашниов проблем. Ова ќе биде малку поголема тема ама Ве замолувам земете ја нејзината содржина сериозно. (можеби долните дефиниции се досадни, но добро дефинирање на средината е клучна за изнаоѓање на решение)
Значи ако им доделиме некаква вредност на ресурсите, ќе дојдеме до следниов заклучок:
- постојат компании за производство на основни ресурси (кои што според некои можат да си ја променат дејноста т.е. да се пренаменат за производство на друг основен ресурс)
- постојат компании за производство на производи со употреба на ресурси, за крајните потрошувачи.
Пласманот на овие производи е малку комплексен, па ќе пробам истото да го дефинирам малку поспецифично, како и да ги дефинирам потрошувачите. Имено како потрошувачи на производите ги сретнуваме:
- Граѓаните, кои купуваат на пазарот (константна вредност)
- Државата, која учествува со повеќе фактори како купување и продавање, данок на промет и данок на работна сила, увозна такса. Иако комплексно дефинирана во најдолем борој на случаи може да се дефинира како константа со учество на пазарот од 1.5 пати од вредноста на данокот или моментално околу 20% (што не е малку)
- Другите држави (преку извоз) каде не сме нешто многу активни
- Војна намерно е издвоена како посебна ставка зашто самата по себе повлекува специфичен одзив на пазарот, а како издвоен феномен може лесно да се дефинира. Учеството на пазарот зависи од претходната состојба на општеството и активирањето на државата или не со своите ресурси. Најдобро е да се сфати како бустер.
- Црна економија.
Овде е моментот каде ќе застанам за да кажам дека не ми е приоритетно да се правам паметен, зашто тоа ми е поважно за РЛ. Тука важно ми е да се изнајде решение.
Зашто дури сега го пишувам ова?
Малку сум нов во играта па ми требаше време да ги анализирам ефектите на сите овие параметри, да ги дефинирам јас и нормално да поставам теза која потоа ќе покаже резултат или не.
Најпрво добро е да се раздвојат ресурсите и да се подредат по нивното значење, според подолга анализа тоа би изгледало вака:
1 Жито
2 Леб
3 Железо
4 Оружје
5 Камења
6 Куќи
7 Бункер
8 Нафта
9 Билети
10 Болници
е сега оди радикалниот чекор за кој треба „м*да“:
За да се стабилизира пазарот истиот треба да се засити т.е. да се одговори на побарувачката. Моментално тоа значи увоз, крај на војната, изземање на државата од пазарот, концентрација на работната сила или комбинација од некои од претходните.
Она што јас го предлагам е комбинација од неколку чекори кои можат да не' вратат во колосек. (конечно интересниот дел за кој би требало да има многу дискусија)
Прво да напоменеме дека со стабилизација на пазарот цените на производите ќе престанат да растат т.е. ќе почнат да се намалуваат (дај боже да го имаме тој капацитет) така што некоја моментална загуба ќе ви се компензира со моменталната заработувачка, а поефтините ресурси ќе ви донесат стабилен пазар и стабилен пласман. Затоа не се плашете.
Првиот радикален чекор (кој не е најтежок) би значел фокусирање на економијата во една стопанска гранка и тоа целиот примарен сектор на производство да оди во производство на жито. Најпрактичен начин да се постигне ова е со зголемување на данокотна останатите сектори на производство на основни производи, имено:
Таксата за плата во гранките Камен, Масло и Железо да се качи на максимум, ДДВ на овие производи да се качи на 10%.
Ова првенствено ќе ја насочи цела примарна економија во производство на Жито, што е и целта во моментов.
Секундарната индустрија треба да се остави како што е за следните 24 часа, по што би следело исти чекор, сите индустриски гранки освен лебната да се изложат на специјални мерки што би ги натерало вработените во тие индустрии да се префрлат во лебната.
Според следењето на пазарот очекувам пазарот за жито да се стабилизира за максимум 3 дена т.е. заедно со лебната индустрија на која би и' биле потребни 2 дена. За да нема повторување на вакви дефиците предлагам:
ДДВ-то на лебот да се качи на 20% - тоа значи оној што сака да купи леб ќе треба да има можност да плати за него, со што индиректно се изземаат младите играчи.
Лебната и житната индустрија во иднина да не нудат работни места за работник под ниво 4, ако не сакаат ДДВ-то да им порасне на 30% и ако сакаат да се заштитат од камикази и за да нема вакви крахови на економијата. Со ДДВ од 30% ретко кој нов играч ќе може да си дозволи да се бори т.ш. индиректно се штити економијата.
Постепено да се пуштаат и другите економии да се вратат во нормала со што треба да се стави некое си ДДВ на крајниот производ т.е. на оружјето. 5% ДДВ не е доволно да се спречи некој да купи оружје т.е. пиштол или пушка.
Само да се вратиме во реалноста за момент. Со овие цени ви доаѓа исто како да имате 100% ДДВ и за помалку од 0,5 денари сите ќе јадеме странски леб кој ќе биде поефтин од нашиот. Значи ова сепак не е толку лошо.
Изземање на Државата од пазарот... тоа би значело да почека со полнење на своите државни резерви за да не го пролонгира заздравувањето на економијата и да гледа да го стабилизира пазарот со своето учество, наспроти целосното дестабилизирање кон кое помага сега. (пример за таков удар беше порастот на цената на лебот од 0,65 на 0,8 т.е. 25% пораст на цената)
Изнаоѓање на политичко решение за проблемите, а не директно пуштање во конфликт (еве што е најтешко). Иако е најинтересниот дел од играта, треба сите да знаеме дека нешто што е нај не интересно е да се губи. Затоа да направиме да не ни биде на сите најнеинтересно и да направиме од нас победници чекор по чекор. Моментално гледаме дека со сила (и без добра организавија) убавина нема.
На крај...
Дали ќе има незадоволни страни ... секако дека ќе има, ама ако има некој подобра алтернатива нека повели и секако за крај да ве почестам со овие мили податоци:
http://www.erepublik.com/en/country/economy/Republic-of-Macedonia-FYROM
или
Gross domestic product (GDP) 4550.39 Gold (производство)
Monthly exports 1870.99 Gold
Monthly imports 4520.76 Gold (трошиме скоро двојно од тоа што произведуваме)
Inflation -28.36 %
Благодарам на одвоеното време,
со почит,
SaveAss
п.с. Не треба да кажувам дека под црна економија ги подразбирам „Државните компании“ и DW компаниите за кои постои многу лесно решение:
Админите треба да се согласат една компанија да не може да работи ефикасно ако повеќе од 10 души сработеле нешто тој ден. т.е. да важат истите правила како и за превработеност.
Поздрав... очекувам дискусија на ИРЦ или преку коментари, кој како милува.
Comments
Ima, stop na vojnata dodeka ojachame malku!
p.s. 3+78
I sub kaj mene, da se ojachame;
http://www.erepublik.com/en/newspaper/inside-edition-247868/1
глас од мене брат.
Поздрав Македонија, Поздрав Jason!!! 🙂
нормално Ваше мислење е добредојдено.
Като ви присъединим и почнете да си купувате с левчета ще се оправите.
http://www.youtube.com/watch?v=L_eouch6xS4
ЕВТ корпорација: Јас сум таков стратег што веруваш или не, нема да знаеш што ве мавнало. И со левчиња би купувал и многу други работи би направил (нормално нема да ги кажам) и на крај ќе ве превртам наопаку.
Accipitor: Во првото издание поставив како правило дека нема да ги вреѓам останатите. Биди и ти попаметен, не паѓај на простаци.
(види колку лева прво он има па после нека збори)
Добро размислување, ама узалуд... Играта не е диктирана од врвот, туку од самите играчи. Доколку некој сака да си вработува, еве конкретно за примерот да не се вработуваат играчи под 4ти левел, ќе го игнорира тоа правило и не му можеме ама баш ништо. Така да, за да „цвета“ државата, потребно е да се има доста култура и осет (нешто што кај нас не верувам дека го има).
И да, се додека постои мм, сите други идеи околу даноците и све тоа ги фрламе во вода по автоматизам.
Шакче, ќе повлечам дијагонала со вистинска држава. Даноците и пазарот ја диктираат политиката, нема причина зашто тука би било некако подруго ако мислат дека треба ДДВ на производите да биде 30% нека прават така, потоа пласманот ќе им биде уште послаб т.е. помалку ќе се троши леб.
Не ми е јасна кратенката ММ и зашто даноците не се земаат во предвид?
еее брат.. ова е више прифатливо решение ,а не она на "овчарите". Ама штета што дали 100 ќе го прочитаат твоево ,а посебно тие од врвот и дали ќе те послушаат, или бар сослушаат, СЕКАКО ,ако навистина можат фирмите(имам житна) да се пренасочуваат по желба..без дополнителни трошоци. П.С ја пак , за разлика од тебе, идев контра нивната т.н стабилизација и напишав статија како НИЕ да контролираме условите..а не обратно. V + S !!!
Поздрав Брат, мило ми е што има и по некој да ме брани 🙂
мора да се стисне, само со активирање во партии и преземање на конгресот ќе може нешто да се стори ама ајде вака да не испадне разединување и сл. па пробувам со арно што се вели.
SaveAss
MM = Monetary Market - место каде што се избегнуваат даноците, како и вршење доста нелегални активности.
убаво ги имаш анализирано работиве, ама тешко статијава на unknown играч (без навреда) да се издвои и да биде прочитана и од масите и од еВладата..
Овој текст да беше дело на некој 25ти левераш ќе имаше +1.000 субови и гласови..
И другар, да знаеш за натака, многу се осетливи на поинакво размислување
Единствено овој :
Админите треба да се согласат една компанија да не може да работи ефикасно ако повеќе од 10 души сработеле нешто тој ден. т.е. да важат истите правила како и за превработеност.
Предлог ти вреди.
Другите се многу комплицирани за реализирање а дали ќе бидат корисни не можи да се знае само од предлогот.
Поздрав до сите,
ако сметате дека темава има нешто продуктивно можете да ја копирате и да ја реиздадете. Јас немам ништо против тоа. Така ќе се зголеми нејзината масовност.
Посакувам добредојде во играва на уште еден, ми се чини, извонредно паметен Македонец !
Прво, да се извинам што во цел хаос од весници и статии не успеав порано да ти ја забележам твојата. Јас отворив тема на Форумот за економисти со цел да ги соберам на една маса (читај ИРЦ канал) сите луѓе со познавање од економијата и заеднички да одредиме долгорочна стратегија за развој. Истотака секој кој ми пишал порака со идеја, го слушам со внимание и одговарам на напишаното. Со трети, како во овој случај, еве ќе се најдеме преку весник : )
Второ, по однос на содржината, јас би сакал да отвориме лична комуникација по пораки и на ИРЦ и оваа стратегија да ја разгледаме од сите можни агли. По направената анализа, ако се убедам дека ова е добро за еМакедонија до крај, ветувам дека ќе го исфорсирам концептов до ниво на целосна имплементација.
Трето, од денес имаш и од мене Претплата на весников : ) очекувам наредни статии.
Поздрав!
Благодарам на фер третманот, пред се'.
Јас затоа сум тука, нормално дека не сум да се тепам зашто и немам време за тоа. 🙂
@Shakce lesno moze da se "donesat vo red" onie koj nema da pocituvaat nekoi pravila! Koj ke ignorira odredeno pravilo, da bide prijaven kaj odreden igrac, koj ke bide zadolzen sekoj den da se objavuvaat rezultatite! Kaznata e slednava: remove Friend!
Vrvot sekogas ke bide osetliv na razlicno mislenje, poradi faktot sto toj samiot prestavuva "odredeno mislenje"! Vakva strategija bi trebalo da bide prezentirana od naredniot precedatel!!!
Saveass bratce.... neam zborovi!
Поздрав Мијак, фала за убавите зборови.
Да Mijak33, ептен ќе ме заболи мене или некој друг ако некој ме тргне од френд листа : )
^ @Shakce
баш сега приметив дека си ме тргнал од френд листа и верувај ме заболе К.. ; ) позз
Мило ми е. За се си има причина, без гајле. ; )