Важноооо !!!

Day 1,146, 07:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Cryptic MKD

Значи стварно не ми е јасно, зошто сите работите со здравје помало од 20 !?
Толку не знаете да израчунате колку пари имате за да си го покачите прво здравето на 100 па да сработите !?
Стварно сите компании ги носите во голем минус, барем за мене да си кажам, житото го давам за 0,07 а вие ми работите со 20 здравје.
Еве баш пред некоја минута ми се вработија тројца камикази и ми работат со 13, 14 и 16 здравје.
Можете и да проверите ако сакате да видите дека не лажам. Сеуште не се отпуштени.
Работете со здравје со кое што и вие и компаниите ќе имате профит. (околу 90, но сепак колку повисоко толку подобро)
Што добивате вие ако мене ми сработите со 15 здравје !? -Ништо, само ја носите Македноја во загуба, со тоа што ги носите компаниите во минус, затоа житото мора да се покапи, а со тоа и лебот. И ако израчунате ќе видите дека со тоа што сте се бореле во битка, а сте сработиле со 13 сила, ништо не сте постигнале за Македонија.

Значи ви препорачувам:
Прво сработете
Потоа видете колку пари ви остануваат за леб за повторно здравјето да си го покачите на 100
Па потоа борете се.
И другиот ден повторно со парите што сте ги тргнале настрана, си го покачувате здравјето на 100, повторно работите со 100 здравје, пак тргате настрана за наредниот ден, и со парите што ви остануваат вишок борете се.