Предлог нови даноци за храна и оружје.

Day 1,144, 07:31 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
Предлог до Министерство за Економија и до Конгресот на Македонија

Не очекува првата војна во која Македонија директно учествува а не преку МПП.
Потребите за храна и оружје се зголемени за "десетпати" отколку обично.
Македонија за оваа прилика има создадено државни залихи на храна и оружје и верувам дека посебно храната ќе биде пуштана на маркетот постепено и по потреба со цел да имаме разумни цени во времето кога Македонија напаѓа или е нападната.

Но сепак може да се покаже дека тие залихи се недоволни особено ако се земе во предвид што не може да се предвиди колку време војната ќе трае.
Затоа предлагам нови даноци за овие воени времиња и тоа за храната и оружјето.

Мој предлог како би изгледале тие.

Food (храна) Income Tax 8% Import Tax 10% VAT 3%
Weapons (оружје) Income Tax 8% Import Tax 10% VAT 3%



Промената е само кај Import Tax и таму данокот би се намалил од 25% на 10%.
Кога Македонија ќе нема своја војна би можеле да се вратат назад.


п.с Среќни празници на сите и сложно до успех.