Замрзнато учество.

Day 1,129, 04:37 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

На нашиот форум имаше некои коментари дека членови на владата, министри итн., не треба да се членови на воени организации сметам дека коментарите се ок и на место па затоа до 5 Јануари кога ми завршува "мандатот" како Министер за Економија привремено го прекинувам учеството во воената единица АрМакедон.

Во врска со коментарите дека воената единица Армакедон има некои привилегии во однос на другите (пара)воени организации поради тоа што некои членови на владата се и нејзини членови можете да проверите во донациите на Министерство за Одбрана дека се финансираат освен единиците на Армијата на Македонија и некои паравоени единици но меѓу нив не е и АрМакедон.

За овие неколку недели откако сум член на Армакедон, единицата нема добиено ниедна донација од Мин. за Одбрана па тогаш не знам каде е привилегијата во однос на останатите паравоени единици.
Паравоената организација си има свои фирми во кои нејзините членови работат и во важни битки се прават акции со нашиот произведен леб.
Лидерот на паравоената исто така на неколку пати има издејствувано оружја за членовите на Армакедон зашто познато е дека повеќето најјаки е-Македонци по сила се членови на оваа организација.
На пример ако сме се бореле на страната на Турција против Грција во интерес на самите Турци е релативно јаки војници подобро е со q5 оружја да маваат отколку без оружја.

Исто така имам добиено 20 q5 оружја од Србите затоа што сум се борел во важна битка за нив а користа била обострана - за нив штета плус во одлучувачки моменти на битката а за мене повеќе Rank points - како што знаете поголем чин значи и плус 5% во штетата која се прави.

Исто така приметив дека на некои Македонци им сметаат Battle Hero медалите или experience поените. Макар да срамежливо но сепак се инсинуира злоупотреба на државните пари.
Ова ќе го кажам во врска со тоа.
Додека 90% од старите играчи беа двокликаши и во зимски сон додека не се додаде Македонија (дел од нив и сега се во зимски сон ништо не се променило) јас го тупев дел од своето слободно време во водењето на моите компании.
Уште одамна пред да се додаде Македонија имав q5 компанија за леб и q4 за оружје.
Во текот на својот е-живот сум променил многу компании, условите за бизнис се менувале постојано а во голем процент на тоа влијаеле и одлуките на админите.
Пример во времето кога админите ги укинаа бесплатните болници со мојата компанија за q5 леб во првите неколку недели (додека не се испоотворија многу q5 за леб фирми) правев и по 15 златници дневно. Тогаш можеше да се зема само една храна во денот, немаше бесплатни болници повеќе, многумина беа неинформирани се бореа како и обично ќе дојдат до 40 или 50 здравје и оп.... нема болници повеќе. А само една храна во денот што значи побарувачката на q5 лебови стана огромна а понудата на q5 лебови во првите недели недоволно адекватна...
Исто така имам дел дадено и РЛ пари за злато а пред се за надградба на компаниите.
Не сум сакал на пример златото да го испотрошам во некоја битка и после пак да немам туку секогаш сум се водел од тоа компаниите кои ги водам да ми дозволат да можам да давам бустер за тренинг и во сегашни услови да можам да си дозволам 300 здравје дневно.

Во врска со Министерство за Економија, "мандатот" ми трае до 5 Јануари а на мојот наследник кој и да биде тоа му посакувам многу успех и доволно ентузијазам.