Почнаа и погреби.

Day 1,114, 06:07 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Последниве денови налетувам на "шаути" некои од играчите се прашуваат зашто бројот (нагло) ни се намалува. Еве го одговорот. 😉

Играта ги смета само "живите" играчи а не и "умрените". Во првите 45 денови од постоењето на Македонија немавме умрени имавме само новородени. Бројот на жители постојано ни се зголемуваше па дојдовме до 7-8 место на листата на најмногубројни држави.
Моментално сме на 13-то место со 7160 жители.
Како што по Сител прилогот имавме прилив од 5000 - 6000 играчи за 3-4 дена, така некои 45-50 денови после тоа имаме намалување од 2000 - 3000 играчи. Тоа се оние кои само се зачлениле во играта, виделе за што се работи и повторно никогаш не се логирале.
Ако земеме дека 50% останале во играта тоа и не е (толку) лош процент.

Исто така играта не ги смета ни печалбарите, моја груба проценка е дека ги има околу 300 такви играчи. Нив играта ги вбројува во популацијата на државите каде што моментално престојуваат.

Моја проценка е дека бројката на играчи кои живеат во еМакедонија ќе се намали некаде до 5000 - 6000 и потоа ќе се стабилизира.
До некој нов бејби-бум и до некој нов прилог на ТВ или статија во весник или некој популарен сајт.
Но за тоа ќе биде потребна војна со некој од нашите драги пријатели и соседи од југ и/или исток.
Искрено мое мислење е дека во моментов најдобро е играчите од Сител ТВ прилогот уште малку да ојачаат пред да се проба нешто но од друга страна играта станува досадна па можен контра-ефект е напуштање на играта од некои.
Така што сум неутрален, но и спремен со тенкови 😃
За во случај прецедателчињата на некои наши соседни држави да си останат на зборот и да не нападнат.