Цената на лебот и робовите во пекарите!

Day 1,110, 07:24 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Завчера начекав поволна продажба на компанија за леб, компанијата беше ставена на продажба за 23 златници а житото и готовите лебови внатре по сегашните цени вредеа 13 злато што значи фирмата ми доаѓаше дека сум ја купил за 10 златници. Чист ќар од 10 златници.
Во фирмата имаше и 10 вработени и имав намера да ја оставам да работи додека не се преработи житото и после да ја ставам на продажба.

Од тие 10 вработени еден вработен според корисничкото име делуваше како жена или сестра на претходниот газда и работеше за 1.2 мкд и имаше уште 2 вработени кои работеа за 1.2 мкд.
Не поминаа ни 2 саати откако ја купив фирмата и овие робови кои "толку несебично" работеле за минималец си заминале од фирмата.

Ете тоа е најсликовит одговор на прашањата и реакциите како може цената на житото да е 0.08 мкд и ако земеме дека за еден q1 леб треба 6 единици жито, како може лебот да се продава по 0.5 мкд и тоа сосе данокот.
Во секое правило има и исклучок па мал дел од фирмите можат да си дозволат да продаваат по таа цена зашто имаат залихи од времето кога житото беше по 0.04 мкд.
Но тоа е занемарлив број на такви фирми.