Министерство за Надворешни Работи на Македонија

Day 1,089, 10:37 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Здраво живо еМакедонијо!

Министерството за Надворешни Работи доби своја организација и свој весник, пожелно е да се претлатите на весникот за да ги следите случувањата надвор од границите на Македонија и да ги гласате нејзините статии за да ги прочитат што повеќе македонци.


Значи да ги реасумирам настаните во кои еМакедонија беше вклучена овие денови.

Како прво сакам да ве известам дека еМакедонија се стреми кон приклучување на алијансата Феникс и деновиве имаше состаноци и интензивни преговори за истото да биде што поскоро извршено.

На состаноците беше зборувано за еМакедонија и еБугарија. Ставот на еБугарија во моменот не е баш јасен иако имаше доста конкретни предлози од страна на еМакедонија и Феникс за да се смират нашите соседски односи.
еМакедонија се стреми кон зајакнување на односите со Феникс и еБугарија со тоа што предложи МПП до повеќе од членките на Феникс а исто и кон еБугарија.
Како што можете да видите еМакедонија ја има подршката од Феникс, со тоа што нивни членики веќе потпишаа МПП со нашата земја меѓу кои: еТурција, еСрбија, еУнгарија, еГерманија, еРусија и еИндонезија. Во план се да се потпишат уште МППња со останатите членки на Феникс.


еМакедонија уште еднаш повикува на смирување на страстите меѓу двете земји со тоа што би можеле да се сконцентрираме на нашиот заеднички непријатели, еГрција и еРоманија.
еМакедонија е подготвена да потпише МПП со еБугарија доколку биде прифатено од нивна страна, како знак за пријателство и подршка во воени мисии.
Феникс е едно големо семејство, проблемите во семејството треба да се решат преку разговори, затоа ние ќе продолжиме со разговорите и ќе се потрудиме да ги решаме проблемите во најбрз можен период.

Да спомнам дека пријавувањето за македонски амбасадори низ земјите во еСветот е во тек, можете да разгледате и да се пријавите тука .

Тоа би било се за сега, претплатете се на весникот за да ги следите новостите.


Министер за Надворешни Работи на Македонија

Drashhh_III_Makedonski