Како да гласате на конгресни избори ?

Day 1,069, 09:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie
ВАЖНО: Пред да гласате кликнете тука пишете на чатот и ќе ви бидат дадени инструкции каде да гласате и карта доколку е потребно да направиме 100% Македонски парламент.



/ Официјална листа на кандидати за изборите

Поздрав еМакедонци!

Пред нас се уште едни големи избори и први конгресни избори во еисторијата на нашата држава Република Македонија, секој месец поточно на 25 се одржуваат конгресните избори каде што се бираат 29 пратеници кои ќе гласаат и ќе предложуваат закони во нашата држава. Најбитно што треба да го знаете уште на почеток е тоа да гласате за нашите официјални кандидати избрани на нашиот официјален форум и да знаете дека единствена партија која ги застапува и брани интересите на нашата Македонската држава е партијата Обединета еМакедонија и никој друга. А сега еве туторијал за оние што незнаат како да гласаат ..

На денот на конгресните избори (како и за претседателски и партиски) под Latest Events ќе видите известување во врска со изборите и дека треба да гласате ..



До страницата за гласање може да дојдете со клик на плавиот дел каде што ве известува дека се изборите, или преку менито Community --> Elections.



Откако ќе го избереме тоа ни се појавува листа на која мораме да избереме од која партија е кандидатот за кого гласаме, затоа изберете ја нашата официјална партија Обединета еМакедонија и не заборавајте можете да гласате само во регионот кај што се наоѓате.



Откако ќе ја изберете партијата од која доаѓа кандидатот за кого што сакате да гласате следно што треба да направите е да гласате за кандидатот (на местата 1/2/3 итн стојат кандидатите) ..



За гласање кликаме на копчето

Потоа на ист начин можете да проверите кое е моменталната состојба на гласовите но неможете повторно да гласате, ве молам пред гласање дојдете на www.mibbit.com каде што во полето IRC наоѓате “rizon" потоа впишувате ник во полето “Nick“ и кај полето Channel пишувате #eMKD откако ќе го направите тоа кликнете “Connect“ и на чатот прашајте каде е потребно глас највеќе. Слушајте ги инструкциите од луѓето кои имаат ѕвезда или полуѕвезда до нивниот ник на каналот и доколку е потребно глас во друг регион ќе ви биде дададена карта да отидете таму и на вистинско место да го искористите вашиот глас.

И напомена за оние што сакаат да помогнат нека дојдат на вечер малку покасно (после 21:00) и да не гласаат, доколку не е потребно тука во Македонија ќе одиме во некоја наша сојузничка држава да им помогнеме да останатите држави не успеат да им ја превземат држава на пример таков случај е со Црна Гора моментално и им треба помош.


Тоа е се,

United Macedonia
Министерство за Образование