[МНР]Обраќање бр.1, конкурс, инфо

Day 2,209, 02:29 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав Македонци и Македонки.

Чест ми е и задоволство што имам прилика да ви се обратам како МОФА на Македонија за прв пат.

После подолго време еве повторно статија од МНР. Можеби ке ви биде чудно но овој месец статиите од МНР ке бидат почести се со цел да се извести народот за случувањата во светот.

Јас и мојот тим ке се обидеме да ја преставиме Македонија како што заслужува и се надевам дека тоа ке биде успешно и ке ја оправдаме пред се вашата доверба.

Статијата ке биде поделена на 2 дела:

1. Конкурс за амбасадори
2. Создавање нов сојуз



1. Конкурс за амбасадори

Овој месец повторно ке бидат активирани амбасадорите. Тие ке ни бидат најважни и најпотреби овој месец подолу ке видите и зошто. Планираме амбасадор да има во повеќето земји.

Во продолжение ке ги наведам условите кои се потребни за да бидете избран за амбасадор кои доколку ги исполнувате ке имате можност да ја преставувате Македонија во земјата која ке ја одберете сами.

1. да бидете активни, сериозни, пред се комуникативни и сталожени (да не бидете лесно избувливи)

2. да се залагате со пишување статии што ке придонесе кон приближување на двата народи

3. доколку имате желба може да земете и државјанство од земјата во која ке бидете назначени за амбасадор

4. министерството за надворешни работи секогаш да биде навремено информиранo за случувањата во таа земја (ставот кон Македонија и мислењето на народот)

5. редовно присуство на состаноци кои ке бидат организирани во текот на неделата зависно од потребите за информации, и на тие состаноци ке бидат давани инструкции и насоки за поефикасно работење

Земји во кои се потребни амбасадори:
Албанија Х
Аргентина - mojov
Босна - MeTkaN
Бразил Х
Бугарија - Jurukov
Чиле - Boban Panovski
Кина - lavlado
Хрватска - MacedonianHERO4
Финска Х
Франција Х
Германија - MACEDONP4
Унгарија Х
Индија Х
Индонезија - Kostadin Kacarski
Иран Х
Италија - ODNOTO
Јапонија Х
Мексико - Makedonce90
Црна Гора - MKDpedza
Парагвај Х
Перу - Kavadon
Полска Х
Португалија Х
Република Кина (Тајван) Х
Молдавија - Leader of Scorpions
Романија Х
Русија - Kiko Mitevski
Србија - Lopovce Ily
Словачка Х
Словенија Х
Јужна Кореја Х
Шпанија - 123456789MKD
Шведска Х
Швајцарија Х
Тајланд Х
Турција Х
Украина Х
УАЕ - Milosheski Reborn
Обединетото Кралство (Англија) - KopajMakedonce
Америка - Eskivator

Статијата ке биде постојано едитирана со имињата на амбасадорите во сооветните земји.

Х е за земјите кои се слободни.

Рокот за аплицирање трае 48 часа од моментот кога е објавена статијата.

Вашите апликации можете да ги пратете ги овде

Бидете трпеливи на сите ке ви се одговори во најбрз можен рок.

Пријавувањето се врши исклучиво преку ПМ а не во коментари на статијава.

Мандатот на амбасадорите ке трае еден месец со можност за продолжување доколку кандидатот си ја врши работата како што треба.



2. Создавање нов сојуз

Овој месец ке биде еден од најважните за Македонија во поглед на надворешната политика. Несмее и овој месец да бидеме пасивни. Време е да се разбудиме и да завземеме позиција.

Можеби сте забележале можеби не. На повидок е распад на сојузот TWO (конечно) и според моменталните случувања можно е во почетокот на новата година да имаме нов сојуз. Ова е главната причина зошто ни требаат амбасадори во повеќето земји од светот.

Во периодов кој измина имаше доста конфликти и препукувања меѓу членовите на TWO сојузот. Главна причина која ја прелеа чашата е конфликтот помеѓу Споланд (Шпанија и Полска) со Србија и Словенија. Имаше и гласање во сојузот каде Шпанија беше предложена да го напушти сојузот поради постојано поддржување на сојузот ROLA помагање во битките каде главни членови се Чиле, Бразил, Парагвај, Перу што значење работење против TWO и помагање на COT. Најбитниот момент беше прогласувањето на Бразил за природен непријател од страна на Шпанија со што се планираше Шпанија да го окупира Бразил за подоцна пред конгрес да ги пушти регионите за да има Бразил конгрес. Оваа одлука нормално не им се допаѓаше во никој случај на Аргентинците. Во таа битка сите Аргентинци пукаа против Шпанија што резултираше со пораз на Шпанија во таа битка и дополнително ги влоши односите во TWO.

Најверојатното сценарио е дека сојузот TWO ке се распадне на две страни. На едната страна ке биде Споланд а на другата Србија и Словенија. Со ова значи дека новите сојузи ке ротираат околу овие две страни. Добра работа е што конечно ке се добие долгоочекуваниот баланс во однос на силите помеѓу сојузите.

Се вртат гласини во светот дека ова се можните сојузи:

Сојуз A:

Македонија?
Бугарија?
Хрватска?
Чиле
Полска
Шпанија
Кина
УСА
Бразил
Русија
Индонезија


Проблем во овој сојуз би биле Бугарите и Хрватите дали ке се согласат и дали ние би биле во исти сојуз со Полска?

Сојуз Б:

Србија
Словенија
Унгарија?
Романија?
Грција
Турција
Аргентина

Овде проблем е помеѓу Романија и Унгарија.

Или вака:

Сојуз А:

Македонија?
Бугарија?
Србија?
Турција?
Словенија?
Чиле
Унгарија
Индонезија
Бразил

Дали ние би се свртиле повторно да бидеме заедно со Србите/Словенците/Турците истото прашање е и за Бугарите со Србите/Турците.

Сојуз Б:

Полска
Шпанија
Хрватска
Романија
Аргентина
Грција
УСА
Кина

Лошата страна е што ке мора да одбереме еден дел. Добро знаеме дека и двете страни многу ни грешеле порано но мора да признаеме дека и ние Македонците не сме цвеќе за мирисање и ние им вративме со иста мера.



Доколку сакаме да успееме во играва, повторно да владееме, да имаме сојуз кој ке биде силен и ке не поддржува тогаш ке мора да го проголтаме минатото. Ниту една земја не добила ништо на играва со гордоста. Факт е дека останавме сами.

Добра страна е што оваа Полска МОФА настапува со позитивни вибрации кон Македонија од старт и ја имаме Бугарија до нас кои никаде нема да одат без нас.

Сакам да ви соопштам дека се е можно да се случи во врска со сојузите така да не се чудете. Дури Бугарите се спремни да ги прифатат Турците во сојуз. Сведоци сме дека Србите ги прифатија Грците во сојуз, Унгарците ги прифатии нивните вечни смртни непријатели Романците. Еве тргнете од нас самите порано со Бугарите се колевме и бевме смртни непријатели а сега сме неразделни.

Па зошто и ние да не можеме повторно да имаме позитивни односи со една од двете страни?

Ова статија е наменета чисто за информирање на народот и да се провери вашето мислење околу создавањето на нов сојуз како вие би одиграле. Ова ке мора доста добро и внимателно да се анализира и да се изигра како нас најмногу ке ни одговара.

Нема потреба да се плашите дека на своја рака ке прифатам сојуз или нешто слично. Околу тоа ке има посебно известување и ке бидете прашани на која страна ке се завртиме.

Околу горенаведените можни состави на сојузите може слободно да коментирате на оваа статија и секако да давате и свои предлози кои ке бидат внимателно анализирани.

Со почит

Министер за Надворешни Работи

akconel